Среда, 09 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
МПЗ „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“ И ДАВА ЈАВНА ОТВОРЕНА ПОДРШКА НА ВМРО ДПМНЕ

mpz-todorМакедонското патриотско здружение “Тодор Александров” и дава јавна и отворена подршка на ВМРО ДПМНЕ во својата политика сметајќи дека ВМРО ДПМНЕ од 1990 година па до денес е најголемата, најпатриотска и најмакедонска партија која во 90 -сетите години ја воскресна и тврдокoрно ја предводеше идеата за Независна Македонска држава и која работи за интересите на македонскиот народ. МПЗ Тодор Александров ги повикува своите членови на вондредните парламетарни избори на 11 декември својoт глас да го дадат за ВМРО ДПМНЕ. МПЗ “Тодор Александров” смета дека ВМРО ДПМНЕ е главниот носител на македонскиот патриотски дух на зачувувањето на македонскиот национален идентитет и суверенитет. Во 1990 година ВМРО ДПМНЕ и МААК беа единствените политички партии кои во почетокот на македонскиот плурализам први се залагаа и ја издигнаа паролата за независна македонска држава на македонскиот народ ,идеата која беше света и вековен стремеж на плејада Македонци низ историјата кои се бореa,залагаа и своите животи ги положија за македонска држава.

Сметаме дека на овие избори ќе се решава за унитарноста на самата Р.Македонија.Од една страна ја имаме ВМРО ДПМНЕ која ја промовира промакедонската политика ги издигнува великаните и хероите од македонската историја,гради патишта,отвора нови работни места и индустриски зони,фабрики и проекти за доброто на македонските граѓани.Од другата страна ја имаме СДСМ и СОРОС кои јавно прокламираат антимакедонска политика, ги сквернават македонските споменици најавуваат рушење на споменици на македонски великани и прават раздор,деструкција и хаос во македонскот општество.Од другата страна ја имаме СДСМ –СОРОС која во 1990 година не се залагаше за независна македонска држава туку сеуште се залагаше за Македонија да остане во рамкте на Комунистичка Југославија,од 1990 година до 1998 беше најмрачниот период во Независна Македонија кога беа затворени 90% од македонските фабрики,1994 година беа дадени 150 000 државјанства на косовски Албанци кои целосно ја изменија етничката слика на Р.Македонија,а пак 2004 беше изгласан Законот за децентрализација за кој ВМРО ДПМНЕ беше категорички против и протестираше бидејќи со овај закон во Западна Македонија не може повеќе да има градоначалник ниту локална самоуправа од македонска политичка партија.Овие две години сме сведоци дека ни се подготвуваше украинско сценарио и граѓанска војна од соросовите платеници, но македонскиот народ тоа не го дозволи не дозволивме брат да се сврти против брат, другар против другар не дозволивме Македонија да биде уништена.

МПЗ “Тодор Александров” му ја дава своја подршка на ВМРО ДПМНЕ бидејќи оваа власт го започна процесот на помирување во македонската историја и ја издигна и прикажа вистинската слика за нашиот трибун и херој Тодор Александров и сите македонски револуционери кои беа избришани и оцрнети во комунистичкиот систем,а се бореа за Независна Македонска држава.Денесека сеуште постојат структури кои ја следат политиката на комунистичката УДБА за оцрнување претење и сатанизирање на името на организацијата ВМРО,а ВМРО живее во свеста на македонскиот народ како организација која од 1893 година па до денес го издигнува македонскиот патриотски дух, македонскиот код и светата идеа и стремеж на Македонецот за Независна Македонска држава.

МПЗ Тодор Александров се залага за Независна Македонија на македонскиот народ,се залага за вреднување на сите македонски револуционери и историски личности кои во својата револуционерна и општествена дејност се залагаа и бореа за создавање на самостојна и независна македонска држава. МПЗ Тодор Александров се залага за заштита на македонскиот национален идентитет и суверенитет за македонско национално единство и историско и национално помирување помеѓу Македонците.

Со почит МПЗ “Тодор Александров”

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.