Среда, 07 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
СВЕТА ТРОИЦА - МАКЕДОНСКА ВЕРА ПРАВОСЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНОВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

За објаснување на македонска вера ќе се послужиме со анализа на  христијанската многубожија религија, затоа што македонската вера е продолжение на христијанството.

Бидејќи во претходните делови објаснивме за поимот на Бог и Светиот дух во македонската вера, овој пат продолжуваме со принципот на света троица.

Од генот на оплодувачката моќ на Бог Сонце, во љубовен допир со невестата Земја Мајка Македониа, ќе се роди една нова ВИСТИНА, нов поглед. Новиот поглед е погледот на ИС (бебе- новороденче), а тоа е вкупната жива природа на земјата, во која се наоѓа и СИНОТ БОЖЈИ.

Сега Бог Сонце ќе биде татко ИЛИ-ИЛ, а Земјата Мајка ќе биде МАДОНА господарка, заштитничка на своето дете. Детето ИС родено од усните-УС од Мајката Земја Македониа (кањон Матка), ќе биде наречен по татко ИЛИОН по мајка МАКЕДОН. Новата вистина, новиот божји поглед, новородениот Илион-Македон сега ЗЕТ, со истиот ГЕН на оплодувачкиот поглед на вистината, ќе ја оплоди својата невеста Македонка. На тој начин ќе се рашири божјиот род, родот на ЛАВОТ МАКЕДОНСКИ.

Дилемата: „Кој го создал светот и зошто?“ Ова прашање често е присутно кај денешниот човек и денешната наука. Оваа дилема од секогаш за Македонците била позната, а тоа е генот на светлото и темното, тоа е машкото и женското, доброто и лошото, знаењето и незнаењето, реалното и нестварното и сето ова е генот на БОЖЈАТА ВИСТИНА. Бог оплодува, мајката ја раѓа ВИСТИНАТА. Вистината не е грев. Македонците не се грешни. Во македонската вера не постои грев и ѓавол. Во македонската вера постои само ЉУБОВ на Бог-пролет, ВИСТИНА-лето, ЉУБОВ на синот-есен и нова ВИСТИНА, НОВИОТ зет-зима.

Се наметнува прашањето: „Зошто постоиме?“

Македонците постојат само поради три причини кои се во хармонија една со друга.

Првата: поради генот и неговата оплодувачка моќ, содржан во божјиот поглед-светлината.

Второ, поради истиот тој ген, кој се содржи кај Македонците, ко јслужи за оплодување на родот на сонцето-Лавот македонски (Лаврод).

И третата причина е вкупната природа, жива и не жива, која е родена од мајката, за потребите на Македон да го слави својот Татко Сонце ИЛИ и тоа со работа, песна и добра мисла.

Во новиот завет Бог се доживува како еден единствен, но воедно и троичен. Едно е три или три во едно.

„Светото“ тројство, според христијанството е содржано од Бог, Бог Син и Бог Дух. Сите три личности се еден Бог или сите три се посебности. Според логичното сфаќање, не е сосема сфатливо сите три посебности да се едно, бидејќи во овој случај се јавуваат повеќе богови и автоматски христијанството се декларира за многубожја религија. Тоа би изгледало исто или слично како змеј со три глави.“ „Зета Македониа“ стр. 467.

Исто така оваа несфатливост на човечкиот ум, христијанството ја толкува како „ограничен ум“ на Македонците и од времето на појавата на христијанството служи за уништување на македонскиот дух, вера и верба за осамостојување, слобода и обединување.

sv-troica-1
Безимени, обезличени свети тројца, кои се всушност македонски .

Со христијанското толкување што е Бог, како Бог е едно и воедно три, нарачателот на ова учење прави огромна неправда, геноцид на македонскиот Бог ИЛИ, синовите божји Македонците, и дух божји Македон, а со тоа сака да ја уништи македонската вера. Тоа се случува по падот на македонската држава и смртта на последната царица Клеопатра. Македонскиот Бог се прогласува за безимена „полнота на сила“, кој како женско има моќ да го раѓа - создава својот син, безимениот ИС-ИСУС (со значење ИС=ИЗ усни, од уста), наводно преку безимена земна мајка, а со помош на светиот дух кој е исто така безимен.

Во ова толкување, што е Бог, окупаторот на македонските територии, лансира теорија за САМОПРОГЛАСЕН Бог. Окупаторот е Бог, кој го праќа својот син „Исус“ да ги откупи гревовите на луѓето - Македонците. Исус сега е поробениот Македонец, кој мора да страда, и со неговата смрт да ги откупи гревовите на Македонците, кои си имале со илјадници години своја монотеистичка вера. Сега нивната вера е прогласена за „паганска“ („Едно поинакво видување на поимот паганство“ http://www.mn.mk/feljton/9650-Edno-poinakvo-viduvanje-na-poimot-paganstvo), политеистичка, грешна. Исус по смртта ќе воскресне како нова католичка религија за „спас“ на народот (Македонскиот народ треба да биде предаден на љубовта божјa. Тоа предавање е она кога Македонскиот народ не треба да даде отпор на поробувачот, туку треба слепо да се предаде на религија која не е негова. Тоа значи царство божјо, царство на поробувачот.)

Македонската вера православна пред појавата на христијанството е логична, лесно сфатлива за здравиот разум, блиска до Македонците кои ја сметаат како нешто свое. Христијанството може да ја прогласи за погрешна, но таа констатација важи и за самото христијанството. Зошто? Затоа што македонската вера е постара од христијанската религија, која всушност произлегува од неа.

Наводно единствен творец на сѐ е „полнотата на сила“ на самиот Бог. Како што рековме погоре, Бог не може да создаде, затоа што не може да роди и затоа што го нема духот божји, кој се наоѓа кај неговиот син Македон. Бог е „полнота“ само на оплодувачката моќ. Бог е оплодувач на Мајката Земја Македонка, која покрај другото го раѓа РАЈОТ МАКЕДОНИЈА на Земјата. За раѓање на рајот на Земјата, рамноправен на Бог во оплодување е и синот божји, и тоа со неговиот ум, работа песна и добра мисла, а сето тоа е љубов кон мајката Македонка.

sv-troica-2
Свето или СВЕТЛО тројство, составено од Мајката Македонка, Таткото Сонце  и синот Македон.

По македонското верување Мајката Македонка е СЀ. Мајката е спој на две материи од кој спој се раѓа трета материја со поинаква особеност, затоа се наоѓа на врвот од светото или светлото материјално тројство.

Бог татко Сонце ИЛИ е дел од едно божество, кое се состои од повеќе сонца во вселената. За разлика од таткото, Мајката Македонка е една, родилка на Македонија рајот во вселената и Македонија рајот на земјата. Овој РАЈ на земјата се раѓа само со светото тројство помеѓу Мајката Македонка, Таткото Сонце ИЛИ и синот Македон.  

Второто духовно или СВЕТО тројство се состои од Татко Сонце ИЛИ-ИЛ, пролетта ДОН и духот божји Македон. Таткото Сонце ИЛИ со неговите оплодувачки зраци ИЛ, кои се преносителите на духот божји Македон во пролетта од денот XXII- ри март ќе ја оплодат Мајката Земја Македонка со првиот сончев зрак ИЛ, со молњата „Ѕ“-ЅЕ и утринската роса пристигната од месечината. ДОН е божја ниска земја покрај реките наречена „Мадониа“ или Македониа.

sv-troica-3
Второто свето тројство се состои од Таткото Сонце, ДОН-пролетта, и духот божји Македон.

Овие две свети или Светли тројства претставуваат основа на македонската вера. Тоа е кружење на енергијата од Сонцето кон Земјата и од Земјата кон Сонцето. Овие две свети тројства споени во едно цело ја претставуваат МАЈКАТА МАКЕДОНКА.

sv-troica-4
Гoлемата Мајка Македонка составе од две свети тројства. Оваа стилизација на Македонка е македонски симбол, кој се наоѓа на македонскиот ќилим, македонската носија и македонскиот вез.

ВРЕМЕТО Е ДУХОТ БОЖЈИ МАКЕДОН. Тоа се движи по права линија, на оска при што не запира, се движи бескрајно. Духовното време или пак времето на духовноста, е време коешто се создава од почетокот на нештата, оставајќи трагови зад себе, но не запирајќи го својот тек. Тоа време не може да се запре, тоа духовно време е бескрајно. Времето на духовноста, или времето претставено од духовна смисла, не може да запре, не може да стивне, тоа е бесконечно. Бесконечноста на духот, можеме да ја аргументираме со реинкарнацијата. ‘Реинкарнација, буквално значи повторно да се родиш во тело. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело’. Овој основен дел најчесто се нарекува БОЖЈИ ДУХ МАКЕДОН, или душа МАКЕДОНСКА, повисоко јас, или вистинско јас, божествена искра или едноставно ЈАС МАКЕДОН. Терминот „јас“ е лична заменка во еднина. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но е дел од „јас Македон“, кој е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации. Безвременоста пак, можеме да ја сфатиме како незапирлив тек на нештата, нешто што започнува, а не завршува. Таа безвременост е во нераскинлива врска со македонската цивилизација“. (Цитат од книгата „Зета Македониа“ стр.74).

Македонски симбол на сонцето ИЛИ, пролетта ДОН и Мајката Македонка.

Симбол на четирите годишни периоди.

Македонската вера всушност е приказ на македонската наука, јазик и култура за полесно да ја разберат неписмените. Умот и разумот на господарите владетели Македонци не е ограничен, тој е широка лепеза на причинско логички сознанија за светото или светлото тројство поврзано со земното. За разлика од христијанското сфаќање на светото тројство, луѓето да бидат ограничени со умот и слепо да ги прифаќаат напишаните библиски текстови полни со нејаснотија и страв од нешто што никој не знае од ШТО.
Поради сето ова македонските тројства се едностaвни и јасни полни со СВЕТЛОСТ, како ден.

Продолжува... 

Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106. Наскоро второ дополнето издание но и верзија на англиски јазик.

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.