Среда, 07 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНA ТРЕТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

anticki-makedonci

Деновиве на Youtube е поставена третата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Ребека Бејли и Стефо Нанцу на кои авторот им упатува посебна благодарност. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Третата епизода исто така е посветена на сведоштвата од познатиот антички историчар Аријан, кој живеел во првиот и вториот век. Пишувајќи за поразот на персискиот цар Дарие од страна на Александар Велики Македонски, Аријан (21 погла­вие),  анализирајќи ја неговата судбина, заклу­чува:

Се случи тој да води војна против Македонци и Гр­ци токму во времето кога ја наследил кралската моќ...“

Ваквото раздвојвање го среќаваме и во описот на Аријан за походот на Александар против Мардиј­ците (сред­но­азиски народ). Во 24-то поглавие читаме:

Враќајќи се кон кампот од каде што започна да ја освојува земјата на Мардијците, тој (Александар) откри дека таму стигнале грчките наемници на Дарие, придру­жувани од гласници Спартанци кои престојувале во амба­садата на кралот Дарие... Тие биле уапсени и спро­ведени под стража, но притоа биле ослободени гласни­ците Сино­пејци бидејќи тие не учествувале во сојузот на Грците поради тоа што се наоѓале под персиска власт... Тој исто така ги ослободил и остана­тите Грци кои работеле за плата кај Персијанците пред склучу­вањето на мирот и сојузот што бил направен помеѓу Грците и Македонците.“    

Како објаснување на овој цитат ќе го кажеме след­ното. Македонците, за време на освојувањето на зем­јата на Мардијците, заробиле делегација соста­вена од Грци, која била во служба на Персија. Отпр­вин сите нејзини чле­нови биле уапсени и спроведени под стража, но подоцна оние Грци, кои работеле за Персијанците поради тоа што дотогаш биле држав­јани на Персија, биле ослободени, додека останатите (некои Спартанци) останале заточени затоа што работеле против Македонија во времето по воспос­тавувањето на "сојуз" помеѓу Македонците и Грците против Персија.

Аријан (поглавие 26) ги потенцира разликите помеѓу Македонците и Грците и кога пишува за убист­вото на маке­донскиот генерал Парменион, кој бил обвинет за заговор против Александар. Овде Аријан ја спомнува: „...почитта што ја имал, како од страна на Александар, така и од целата војска и тоа не само од Македонците, туку ито така и од грчките помошни трупи.“

И кога пишува за поразот на Скитите зад реката Танаис, Аријан повторно ги нагласува разликите меѓу Македонците и Грците:

За дваесет дена тој (Александар) го утврдил гра­дот и го населил со грчки наемници и со некои од окол­ните барбари кои доброволно се пријавиле да живеат во населбата, како и со некои Македонци од неговата војс­ка, кои биле неспособни за служење војска.“

Третата епизода од серијата може да се погледне на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=vNhhj2M8ilo&feature=youtu.be

Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share

Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк: https://www.gofundme.com/aleksandardonski .

Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда!

Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.