|
||||
Обраќање на Манојил (Мане) Јаковлески на средба со ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во домот на АРМ, 8.12.16 |
Почитувани ВЕТЕРАНИ, почитувани браќа и сестри. За многу години нека ни е денешниот празник СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, ЗАШТИТНИК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Пред некој ден се собравме во Куманово, Ветерани, Бранители и млади, на едно место младите кај кои е храброста, ветераните и бранителите кај што е мудроста, во градот на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, и им порачавме на тие кои сакаат да ни ја разнебитат нашата Македонија: Не си играјте со Македонија и со трпението на ВМРО! Денес тука се собравме Ние кои го продолжуваме аманетот за самостојна Македонија. Ние кои не знаеме да виткаме кичма, затоа што сме горди Македонци, а не македончиња. Ние сме тие кои 1990 г ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ и самостојна Македонија, а во недела на изборите, ќе ја одбраниме нашата држава. Во 1991 г. прогласивме самостојна Македонија, на 11 декември ќе одлучиме да ја сочуваме нашата Македонија заокружувајќи Бр.1 Овие избори На 11 декември се референдум и ќе одбераме меѓу две опции. Првата опција, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за напредна, просперитетна и побогата држава, вработувања со поголеми плати и пензии, подобро здравство и образование, современа инфраструктура, како и зачувување на името, идентитетот и гордоста на македонскиот народ и други реални проекти напишани на 500 страници од најновата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Втората опција е СДСМ или во минатото СКМ-ПДП, луѓе кои деведесетите години беа против да се стави сликата на Никола Карев во Македонското собрание, беа против интонирање на Македонската химна. Правеа списоци за ликвидација на сите кои бевме за самостојна Македонија. Ни ја наметнаа срамната референца БЈРМ Заев денес ветува дека ќе воведеле двојазичност и федерализација на земјата и кога ќе дошло време ќе го сменеле уставот. Почитувани, промената на Уставот и воведувањето на албанскиот јазик на целата територија на Македонија, значи федерализација на земјата, со можност за отцепување на еден дел, каде Албанците се мнозинство. Македонскиот народ е добродушен и во текот на историјата прости многу зла кои му биле нанесени. Но тоа не значи дека и заборава. Во пресрет на предвремените парламентарни избори сведоци сме како СДСМ во својата кампања ветува се и сешто. Ветуваат работи кои не еднаш ги ветиле, но никогаш не ги исполниле. За сето она што го има направено и за она што планира да го направи оваа партија, нема простување! Сега е време на одлука, време кога со едно заокружување на бројот 1 се одлучува иднината на земјата. На 11 декември, мора да се спречи погубната политика на СДСМ, да се острани политичката криза и да се спречат можни конфликти. Свети Клименте, спаси не од неспособни политичари, кои за туѓи интереси прават хаос и повеќе од две години ја држат земјата во заложништво. Спаси не од налудничавата политика на Зоран Заев, кој го дели народот и земјата. На 11 декември сите обединети, достоинствено и гордо да му кажеме, НЕ на политиката која ја спроведува Заев и СДСМ, да се уништи македонскиот народ и држава. На овие избори сите ние ќе одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме ние, нашите деца и внуци. На овие референдумски избори, ние Ветераните знаеме за кого ќе гласаме. Ние го имаме Никола Груевски кој е посветен за Македонија и не ветува ништо што е против интересите на Македонија. На Македонскиот народ му е потребен Никола Груевски повторно да биде избран за премиер со 63 пратеници за стабилна Македонија. Македонскиот народ ќе му додели нов мандат за нова влада на ВМРО ДПМНЕ. Веќе цел месец, јас како координатор со тимот за средби со ветераните-основачите на ВМРО-ДПМНЕ имавме средби во над педесетина Општински Комитети и разговаравме со ветераните. Право да ви кажам, полн сум со емоции и позитивни впечатоци и затоа желба на основачите е што поскоро да дојде 11 декември за да им го зададеме последниот удар на предавниците. Ние ветераните, од сите Општински Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела држава, го подржуваме лидерот Никола Груевски и максимално се залагааме за уште една, десета по ред победа. Ние Ветераните, заколнатите пред библијата реворверот и ножот, ги повикуваме неопределените, да ни се приклучат на 11 декември да имаме 63 пратеници, за да ја сочуваме државата стабилна и унитарна. Целата антидржавна политика на раководството на СДСМ, кое во континуитет од осамостојувањето на земјата ги рапродава државните интереси, само за да ги добие албанските гласови, македонскиот народ одамна ја има препознаено. Македонскиот народ нема да дозволи повеќе да биде прогонуван од родната грутка, тој не е подготвен да се откаже од суверенитетот на дел од својата територија, од своето име и идентитет. Тоа го покажа Диво насеље, минатата година во Куманово, кога македонските сили ги разбија терористите. Тоа го кажуваат и анкетите во кој најголем дел од македонските испитаници, над 90 %, се спротивставуваат на идејата за двојазичност и промена на Рамковниот договор. 11 декември, е денот кога сите заедно и со божја помош ќе му ставиме крај на погубната политика, за да се спасиме од заложништвото во кое не држи СДСМ и Соросовата мрежа на невладини организации. Ние Ветераните, кои во минатото ја стававме главата таму каде некој се плашеше да го стави прстот веќе знаеме во каква Македонија сакаме да живеаме. Сакаме да живеаме во стабилна, унитарна и просперитетна држава, онаква каква што нуди нашата ВМРО ДПМНЕ. На 11 декември ќе победиме! Ќе славиме ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА! Ќе слават и нашите браќа и сестри во дијаспората. ВМРО-ДПМНЕ вечно! Македонија вечна! Амин! |