|
||||
ВРХОВИЗМОТ НАСПРОТИ ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот е историски феномен. Врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање. Врховизмот е сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја метропола. Во дваесеттиот век тие биле Белград, Софија, Атина и Тирана, во дваесетипрвиот век тие се Брисел, Стразбур, Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин, Москва... Ако врховистите во дваесеттиот век биле за Македонците како Срби, Бугари, Грци или Албанци, со Македонија во рамките на Србија, Бугарија, Грција или Албанија, (нео)врховистите во дваесетипрвиот век велат дајте ни нам мандат за власт во Македонија, ние ќе го смениме името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците мора да расчистат со врховистите и колаборационистите, кои отворено работат за туѓи и други интереси во Македонија и не се срамат од тоа. И покрај се' и после се', силата и верата е кај нас Македонците! Ќе победи вистината за нас Македонците, ќе победи вистината за Македонија! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! |