Среда, 28 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (4. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Пред почетокот на втората Светска војна во Македонија постоеле две еврејски антифашистички организации:"Somer Asciar" (Чувари на земјата) и "Техелет лавани" (Синобели).

По необјавената војна и нападот на кралството Југославија од страна на нацистичка Германија на 6 април 1941 година, веке следниот ден, на 7ми април 1941 година и во Скопје влегоа германски трупи од нивните бази во фашиостичка Бугарија. Истиот ден (7ми април 1941) германските војници започнале со невидено пљачкосување на еврејските имоти и дуќани кое продолжило и во следните два дена. Украдените работи како  ,,воен плен,, окупаторите ги пракале  во Германија. На сцената веднаш стапиле и злогласните ,,анјзац,, трупи - специјални единици што ги формирале шефот на управата за безбедност во Рајхот Хајдрих и шефот на Гестапо Хајнрих Милер уште во 1939 година со задача да ги ликвидираат непријателите на Рајхот. Од 1941 година тие биле ставени на располагање на рефератот  IV Б 4 под команда на Адолф Ајхман.

,,Ајнзац,, групите делувале во Македонија се до предавањето на власта од страна на Германците на нивните фашистички сојузници, царборисовска Бугарија. Од тој момент, германските настојувања да се реши ,,Еврејското прашање,, на овие простори што ги претставувале ајхмановите луѓе Данекер и Бекерле биле препуштени за реализација на  Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Комесаријатот за Еврејски прашања при ова министерство чија единствена задача била ликвидација на Евреите во ,,новоослободените,, т.е. окупираните територии.

На состанокот одржан во Виена на 21 и 22 април 1941 година помеѓу министрите за надворешни работи на Германија и Италија Робентроп и Ѓано окупирана Македонија била поделена на три дела од кои поголемиот бил приклучен на царборисовска Бугарија, помалиот кон Албанија, а во Егејска Македонија била создадена посебна германска окупациона област.

По навлегувањето на бугарската фашистичка окупатоирска војска во Македонија, според споменатиот договор на министерско ниво во Виена,, во знак на благодарност кон своите сојузници, посебно кон фашистичка Германија, бугарската влада најенергично се посвети на решавање на ,,Еврејското прашање,,.

Следејки го активностите на бугарската фашистичка окупациона власт,  која со економски мерки и специјално антисемитско законодавство работела на материјално и физичко уништување на Евреите во окупираните делови на Македонија, кoн крајот на 1942 година ПК на КП на Македонија објавува проглас со којшто ги повикува Евреите да се борат рамо до рамо со македонскиот народ. Во прогласот, помеѓу останатото, се нагласува: "Бугарските и германските фашисти подготвуваат голема трагедија за Евреите, а предавничката бугарска владе спроведува кон вас Евреите политика на Гестапо. Вашите дуќани се опљачкани, од германските разбојници, а ги дограбија бугарските окупаторски бандити...". Во прогласот се вели исто така дека во Полска и Романија веке започнало големо истребување на Евреите и дека и на нив (македонските Евреи) ке им дојде ред и заради тоа Евреите се повикуваат да се борат рамо до рамо со македонскиот народ.

На овој повик одговориле многу Евреи. Само од Битола во НОБ активно се бореле 37 Евреи, од кои тринаесет ги дале своите животи на олтарот на слободата, меѓу кои и Естреа Овадиа Мара, подоцна прогласена за народен херој. Многу Евреи имале и високи позиции во антифашистичкото движење во Македонија, меѓу останатите:  Жамила Колономос, Исак Сион, Алберт и Бено Русо, Мориц Романо, Бранко Фрицханд, Морис Шами, Ѓорги Блајер, Бенјамин Самоковлија и други.  Истакнатиот дипломат и драматург Коле Чашуле како илегалец долго време се криел од бугарската фашистичка полиција во еврејските куќи во Скопје, а во атентатот на злогласниот бугарски крвник Мане Мачков учествувал и 15-годишниот Евреин Бранко Фрицханд.  Голем активист бил и Исак Сарфати од Битола во чиј стан илегално престојувале Стив Наумов,  Вера Ацева и други македински револуционери. Битолскиот Евреин Рафаел Батино храбро загинал во борбите во Санџак во 1942 година, а греведувал марксовиот ,,Капитал,, додека бил во затвор во Сремска Митровица

Во текот на 1942 година со активности против бугарските фашисти се истакнале и битолчаните Аврам Анаф, Давид Романо, Виктор Пардо, Ели Фараџи, Морис Шами, Мориц Романо, Роза Камхи и други. А во куќата на битолчанецот Пепо Хасан механичарот бено Русо изработил печатница во која секоја недела се печателе происечно по пет килограми пропагандни материјали против окупоаторот. Во 1943 година на партизанските одреди се приклучиле  Алберт Касорла - Берто, Алберт Русо - Коте,  Адела Фараџи, Стела Леви, Естреја Овадија - Мара, Жамила Колономос, Самуел Садикаријо - Симо, Соломон Садикаријо - Мо, Моше Бахар кој загинал при ослободувањето на Кичево и други. 

Затоа што ја помагале Народноослободителната борба, бугарската окупациона фашистичка власт ги осудиле битолските Евреи во 1942 година на колектина парична казна од 4.500.000 лева.

Нацистите во Германија паралелно со плановите за окупација на Европа правеле планови и за ликвидирање на Евреите а за тоа надлежни биле по зло познатите "ЕсЕс" единици. Врховниот совет на Рајхот имал 12 управи, од кои четвртата, Гестапо, одлучувала за животот или смртта на милиони луѓе. Гестапо имал свои отсеци или реферати. Рефератот IV Б 4, на чие чело се наоѓал Карл Адолф Ајхман бил задолжен за уништување на Евреите и за германизација на окупираните територии. Во тој ист реферат биле вработени и домашни предавници. Токму рефератот IV Б 4 ги организирал концентрационите логори со гасни комори и крематориуми во кои животите ги загубиле милиони луѓе, меѓу нив и 7.132 Евреи од Македонија кои биле погубени во концлогорот Треблинка во близината на Варшава..

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.