Четврток, 29 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
АПЕЛ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ!

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АПЕЛ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ!

29 декември 2016 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира на семакедонско помирување и обединување и отфрлање на омразата и одмаздата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел формирање на Влада после вонредните парламентарни избори, доколку партиите на Албанците во конекција со Приштина и Тирана, уценуваат со ревизија на Охридскиот рамковен договор и промена на името и Уставот на државата!

Имајќи предвид дека Македонија е единствениот заеднички именител и содржател на сите нејзини државјани, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалната положба и политичката припадност, СМК апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и покрај сите разлики, да покажат државничка зрелост и мудрост и безусловно да ги отфрлат ултимативните барања на партиите на Албанците за состав на Влада и да изразат единство и согласност по следните прашања:

(1) Поднесување на Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со нејзиното име, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ.

(2) Организација на попис на населението и донесување на Уставна декларација во Собранието со гаранции за правата и слободите на малцинските етнички заедници утврдени во Уставот, независно од пописните резултати.

(3) Склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Албанија и Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и положбата и правата на Албанците во Република Македонија, со реципроцитет во македонско-албанските односи - што за Албанците во Република Македонија, тоа за Македонците во Република Албанија во согласност со меѓународното право.

(4) Почитување на унитарноста и непроменливост на етничката и верската карта на државата, бидејќи етничките прашања немаат територијални решенија и отфрлање на барањата за територијална или функционална федерализација и кантонизација на Република Македонија.

(5) Почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународните односи и употреба на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Република Македонија.

(6) Процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред Јавното обвинителство избрано од новото Собрание на Република Македонија и почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација, со препорака до сите кои располагаат со докази да ги предадат на надлежните органи, имајќи предвид дека и прикривањето на докази е кривично дело соучество.

(7) Обезбедување на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја.

(8) Отфрлање на агресијата и насилството заради остварување на политички цели и заштита на имотите, животите и приватноста како неприкосновени, како и отфрлање на меѓународна арбитража за решавање на внатрешно-политичките прашања и мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

(9) Грижа за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, помагајќи го нивниот културен развој и унапредувајќи ги врските со нив, како и грижа за културните, економските и социјалните права на македонските државјани во странство.

(10) За евро-атлантските интеграции на Република Македонија ќе решаваат македонските државјани на референдум, кога ќе бидат исполнети условите за тоа, а Собранието и Владата да ги преземат сите мерки за заштита на мирот и безбедноста, и суверенитетот и територијалниот интегритет на државата поради илегалната емиграција.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.