|
||||
Името Македонија е толку старо, колку и името на Македонците |
Атанас Тодоров Ишикаров (5.VI 1868, Ловеч, Османска империја – 6. VI 1937, Софија, Бугарија) е бугарски научник, географ и етнограф, основоположник на географската наука во Бугарија. Завршил историја на Високото училиште во Софија, а потоа специјализира славјанска филологија во Лајпциг, Германија. Во август 1895 година ја брани докторската дисертација на тема „јужна Бугарија. Во 1896 година продолжува со специјализацијата по географија. Професор е од 1903 година и Академик на Бан од 1904 година. Како научник, географ и етнограф, проф. Иширков учествува во политички, културни и научни мисии во странство. По втората балканска војна, тој е член на бугарската делегација за склучување на Мировниот договор во Букурешт во 1913 година и учествува во првиот состав на делегацијата за преговорите за мир во Брест – Литовск (1917 - 1918). По Првата светска војна ги посетува Германија и Швајцарија и пишува меморандум до Париската мировна конференцијаво 1919 година. Анастас Иширков работи во сите области на географската наука, а подоцна главно во областа на антропогеографијата и политичката географија. Како единствен професор по географија, ги ги постави основите на речиси сите географски дисциплини и насоки на географската наука во Бугарија. Води полемика со најпознатиот српски географ Јован Цвиич, при што ги оспорува неговите обиди да го претстави населението на поголемиот дел од Македонија како аморфна маса, поблиска до Србите, отколку до Бугарите. Во 1916 година е поканет и учествува во Научната експедиција во Македонија и Поморавјето. Во 1917 - 1918 година е член на Поморавския народ-просветен комитет. Во рамките на пропагандата која ја води Бугарија за да докаже дека Македонците се Бугари и Македонија е бугарска терторија, Иширков врши низа истражувања во Македонија. Своите ставови во кој Македонците ги преставува за Бугари, ги објавува во повеќе статиии. Сепак, интересен е неговиот став за континуитетот на македонското име и етничките граници на Македонија. Во статијата „Македонија, име и граници“ објавена во „Македонски преглед“ во 1927 година (Проф. А. Иширков: “Име и граници на Македонија“,Македонски Прегледъ Година III, книга 1, София, 1927) ќе напише: „Името Македонија е толку старо, колку и името на Македонците — стар индоевропски народ, кој се настанил много рано во брдската земја на горни Халиакмон (р. Бистрица). За основател на македонското царство се смета Пердика I, около 700 години преди Христа. Уште Пердиковите наследници ги рашириле границите на македонското царство на југ до Олимп и Камбунските планини, на исток до долни Стримон (р. Струма). Старата престолнина на македонското царство бил градот Едеса, денешен Воден, а Архелај (413—399 г.) ја преместил пò на југ во Пела, до сегашното село Постол во Ениџе-Вардарско. Филип II, кој стапил на македонскиот престол во 359 година пр. Хр., и неговите наследници ги рашириле границите на македонското царство далеко надвор од етнографската земја на Македонците. Раширувањето на македонската држава прво се одвивало кон запад, кон Јадранско море. Филип II ги покорил во 358 година сите племиња до Лихнидско (Охридско) езеро и ги подчинил на Македонија. Во 314 година Касандар ги освоил Аполонија и Епидамнос и со тоа ја раширил Македонија до Јадранско море. За раширување на Македонија кон север врз долината на Вардар голема пречка биле Пеонците... Филип II водел војна со Пеонците во 359 г., Лизимах ја освоил за известно време Пеонија во 284 година. Таа била конечно присоединета кон Македонија од Антигон Гонат около 270 година, но во 229 г. Дарданците ја одзеле Пеонија од Македонците и Филип V во 217 година го завзел наново пеонскиот град Билазора... Во 211 година Филип V навлегол во Дарданија. Во 169 г. тој ја покорил Дарданија и македонската власт достигнала до Скард (Шар-планина). Ова беа само нeколко податоци кои ни го покажуваат хронолошки територијалниот развој на Македонија, за да се види како се мeнувале границитe на оваа област во срцето на Балканскиот полуостров. Македонија порано ги опфаќала долнитe текови на рекитe Бистрица, Вардар и Струма и се ширела во нивните басени, кои се заградени на исток од Орбел (Пирин) и Пангеон (Парнар-Даг или Кушница), на север од Скомиј или Скоморос (Витоша) и Скард (Шар-планина), на запад од Грамос. Овие планини ја делеле Македонија од Грција, Илирија и Епир. Планината Олимп и нискитe Камбунски планини ја дeлеле од Тесалија. Првичната мала област Македонија била на почетокот дел од проширената подоцна Македонија, како и другитe државни или етнографски области во нејзинитe граници, како Бизалтија, Еордеја, Мигдал и други. И во Македонија се случило истото, што се случувало и во други држави, каде името на проширената држава ги голта и брише областнитe и племенски имиња. Уште при македонските цареви границите на Македонија се многу променети во врска со привремено ширење и намалување на царството. Името Македонија се задржало за голем дел од средишниот дел на Балканскиот полуостров и во времето на римското владеење. Тогаш Македонија била поделена на четири самостојни области. Првата област на Македонија го опфаќала источниот дел меѓу Места и Струма и некои од градовите кои Персеј ги владее на исток од Места, истото и покраините Бисалтика и Синтика (со гр. Хараклеја) западно од Струма. Главен град на I македонска област бил Амфиполис близу до денешно Орфано. Втората македонска област зазема земјиште меѓу долните и средните течениа на реките Струма и Вардар заедно со пеонската област во басенот на реката Астибо (Брегалница). Главен град на II македонска област бил Тесалоника (Солун). Во третата македонска област влегувале долна Македонија меѓу Вардар и Пенеј, источно од планината Бермиј (денешна Докса) и кон тоа Пеонија западно од Вардар; главен град бил Пела. Четвртата македонска област опфаќала горна Македонија, западно од Бepмиј, и соседните епирски области (Еордеја, Линкестида, Пелагонија, Елимиотида, Атинтаиија, Тимфеја) со главен град Пелагонија (Линкестиска Хераклеја) денешниот град Битола или Монастир. Тоа поделба траела дури до почетокот на шестиот век. И под римското владеење границите на Македонија продолжуваат да се менуваат во врска со создавањето на нови провинции. Во 386 година после Христа Пауталија (Ќустендил) спаѓала веќе во Dacia Mediterranea, Германија (Сапаревска Бања во Дупничко) се наоѓала меѓу Тракија и Илирија, а не веќе во Македонија. Што значи името Македонија, не се знае точно, иако е напишано доста по ова прашање. Многумина мислат дека тоа потекнува од името на стариот водач на македонската држава Македон како што тврди Страбон, но забораваат дека при името Македонија последните слогове - онија се додавка и не влегуваат во наводниот корен на Македонија.“ Во продолжение, следејќи ја слепо теоријата на западните научници од каде го стекнува своето образование, Иширков без подлабока анализа ќе забележи дека древните Македонци исчезнале и дека на нивно место се населила огромна маса на Славјани. Меѓутоа, иако ниту еден народ не може туку така да исчезне, а покрај тоа името да суштествува, тој недава никаков доказ за своите заклучоци, па во продолжение на статијата вели: „Името Македонија останало да сущтествува и после исчезнувањето на македонскиот народ и тоа се ширело во врска со спомените за старото Македонско царство и во врска со црковната власт. Во четврти и петти векот после Христа една дијацеза под името Македонија ја опфаќала Македонија од времето на македонските кралеви и оди на југ дури до Крит. Во средниот век, од VII век, Тракија почна да се нарекува Македонија. Тракиските жители од Одринско кои Крум ги заробил и ги преселил во отаде дунавска Бугарија (Βουλγαρία ἐκεῖθεν τοῦ Ἴστρου ποταμοῦ и на старобугарски напишана ωбоноу Доунаıа) се одбележани од византиските хроничари како Македонци. Малиот Василиј, син на родители Славјани, кој бил меѓу заробените, кога станал византиски император, го носел името Васил Македонијан. Постојат многу документи кои сведочат дека Тракија се викала Македонија... Од средновековните заслужува да се спомене изразот , кој се среќава во расказот за владеењето на Калојан во Werke des Patriarchen von Bulgarian Euthimius (1375-1393) од Emil Kalužniacki, Wien 1905, стр.56, 70. Многу од патешествениците за Цариград во своите патеописи ја нарекуваат Тракија со името Македонија. Broquière кој поминал во 1433 година преку Тракија, го означува Пловдив како главен град на Македонија (Philipopoly qui est la chief de la Macédoine. Патешественикот Ramberti го става исто Пловдив во Македонија (É Philipopoli nelle Macédonia). Philippe du Fresne-Canaye (1573 г.) пишува дека откако го минале Веvent (Киздервент) влегле во големата рамнина наречена вообичаено Македонија, но во реалноста е Тракија. Hans Ludwig Lichtenstein (1585-89) го нарекува Пловдив престолнина на Македонија. Исто и George Christoff von Neiczschitz (1634 година) го велича Пловдив како царски македонски главен град (die königliche macedonische Residentz-Stadt) и додава дека тој лежи во прочуеното многу старо Кралство Македонија до подножјето на Родопите. Истото го тврди и Англичанецот Н. В. (1636 година) и откако ги меша Philippopolis со град Филипи меѓу денешните градови Драма и Кавала, расправа за римскиот раздор пред Филипи како станал до Пловдив. Со името Македонија била наречена и Дунавска Бугарија меѓу Дњепар и Дњестар, во денешна Бесарaбија, каде биле преселени од Крум заробениците Тракијци, наречени Македонци. ... Во првата половина на VII век се извршило големо преселническо движење на Славјаните на југ од Дунав. Во Македонија се населиле толку многу Славјани што почнале да ја нарекуваат Славинија или Славинии. Тоа продолжува до X век.“ Освен навлегувањето на Славјаните, Иширков говори за пенетрацијата и на Албанците во Македонија, но и за името „Долна земја“. Но ниту овде подетално не објаснува како Мизите станале Бугари. Сепак, и покрај овие промени, тој укажува дека и по формирањето на темата Бугарија, името на Македонија продолжило да суштествува и вели: „Поседуваме документи, во кои Македонија или делови од неа се нарекуваат Долна земја. Во старобугарскиот превод на Манасиевата хроника има додаток од бугарската историја и во една од нив се зборува за . Во грамотата на цар Константин Асен од 1277 година се вели Уште од римско време Македонија се дели на долна и горна, истото се задржало и до денес, но тоа стои во врска со хипсометричните односи, а, овие два документа изразуваат токму спротивното: високите, изворни области на најголемите македонски реки Вардар и Црн Дрим го носат името Долна земја. Истото нешто го забележуваме и во именување на Скопско како "Долна Мизија". Кирил Пејчиновиќ напишал книга Уште појасно е кажано тоа во неговата книга Нема сомневање дека со името Мизија Пејчиновиќ сакал да ја означи Бугарија. Во минатите векови, па и до денес, дел од бугарската земја е именувана Мизија, старо име на Дунавската Бугарија. Многу византиски хроничари ги нарекувале Бугарите Мизијци, но преведувачите на старобугарски resp. среднобугарски обично наместо Мизијците пишувале Бугари. Кога пенетрацијата на Албанците во Западна, особено во Северозападна Македонија многу се зајакна, некои македонски области почнале да се нарекуваат арнаутлук, албанска или арнаутска земја, и населението Арнаути без оглед на нивните народност. Уште Албанецот Музаки (XV в.) ја поставува границата меѓу Албанија и Бугарија во планината Перистери. И во последните години пред балканска војна и умерените албански патриоти ја поставуваа областа на Албанија далеку на исток во Македонија и мечтаеа за автономна Албанија, која би се состоела од вилаетите Косовски, Скадарски, Битолски и Јанински со главен град Битола и генерал-гувернер од албански род, за каков се посочуваше Дон Алардо Кастриот, кој развиваше во Езропа силна агитација за да го освои европското јавно мислење за идејата на автономна Албанија. А имаше Албанци, кои ја споредуваа Македонија со Албанија. Во некои карти од минатиот век голем дел од западна Македонија се поставуваше во границите на Албанија. ... Во времето на Васил II Бугароубиец при административната разпределба на државата во голем дел од сегашна Македонија формирана е темата "Бугарија" со главни градови прво Охрид, потоа Скопје, Софија и конечно пак Скопје. Писателите од 11 и 12 век, како грчки таки и западноевропски, ја нарекувале Македонија со името Бугарија и во повеќето случаи не ја делеле од останалите делови од бугарската земја...“ Ипокрај обидите да се избрише славното име Македонија од меморијата на населението, тоа ќе излезе повторно на површината и ќе го завземе своето место. (продолжува) Македонска нација |