Среда, 11 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
СЕ ВРАТИ ПО ТИЛОТ БУМЕРАНГОТ “АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА“!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Го читам последниот коментар на Љубомир Данаилов Фрчкоски на порталот Либертас од 9 јануари 2017 година, насловен “Какво гигантско разочарување“. Фрчкоски изразува гигантско разочарување од платформата на т.н. албански блок партии “за според нив важните прашања, на основа на кои ќе преговараат за влез во владата на Македонија.“

Фрчкоски продолжува: “Конечно самата Платформа позиционира крајно сомнителни тези и опасна политичка програма во основа. Основа за големо-племенски нови расправи за карактерот на Македонија каде се’ повторно е во барабан, ништо не е решено и за се’ повторно племенските поглавари (со сеалбански и семакедонски платформи) треба да седнат и да се договорат? Како тоа замислиле браќата Албанци да се одвива? Ми се чини како опасно наивна политичка пизма тезата, дека Охридскиот договор (кој беше алфа и омега токму за Албанците) кој е направен со меѓународни гарантори и е единствен, толку фален, успешен договор, меѓународно признат како основа на успешен политички проект за изградба или барем доградба на држава, отсега не важи, ќе се менува со Нов договор, меѓу племенските старешини??? Ќе се пишувал нов Устав или постојниот ‘ќе се отворел’ за тие нови договори???

Тезата е концепциски надмината, базирана на колективистички не-ѓраѓански, предполитички, органистички идеи за нациите (во основа националистичка), а во пракса неостварлива. Неостварлива е бидејќи за таков проект е потребна согласност на двете македонски партии (и двотретинско мнозинство во Парламентот) што на Албанците им е јасно дека не е можно (ниту од една партија да добијат согласност). Ниту меѓународната заедница може да се сложи и поддржи такви проекти кои рушат се’ што креативно со многу напор, политичка волја и меѓународно посредништво се постигнало.

Па зошто воопшто ја соопштуваат ваквата Платформа со ваква содржина во овој најнесреќен од најнесреќните моменти кој го избрале?

Дали албанските лидери однапред се согласиле со улогата на ‘мали деца’ на кои треба да им биде простено секаква будалаштина да кажат, а потоа самите да ја проголтаат како политички нереална и лоша? Дали тоа им ‘тежело на душа’ па да си кажат? Дали е тоа политички одговорна позиција? Дали разбираат кому помагаат и зошто го прават тоа? Дали воопшто им е гајле за консеквенците од ваков контроверзен акт?

Сето останато во Платформата на албанските партии е познато, очекувано и веќе кажано од опозиционата алијанса на македонски и албански партии, тоа ми се чини дека има улога на тесто кое треба да ги опкружи црешите или јаболкото на националистичкиот проект кој е во средината на питата?“ - крај на цитатот...

Ами што можеше да очекуваме од новиот дискурс на СДСМ со собирањето гласови од Албанците во најтврдите упоришта на терористичката ОНА од војната во 2001 година? Гласови за СДСМ на финта патишта и канализации? По тоа само наивните може да се лажат. Патем, што може да очекувате од поранешни терористи кои се појавија со комуникеа “за ослободување на албански територии од славо-македонските окупатори“? Тие луѓе живеат со таа идеја, окупација врз Македонија, со агресија и насилство, тивко етничко чистење, најново со саудискиот вахабизам и петро-долари за кои полагаат сметка, а ние као еве сега демократија, партнери во влада... И затоа основата на нивната албанска платформа се барањата договор за нов грб, знаме, химна, име и Устав на државата или нова војна. Друг занает немаат и не знаат. Ама Трамп и Путин не се Обама. Ни Македонците не се тоа што беа со Глигоров и Трајковски.

Оваа т.н. албанска платформа, поддржана од Приштина и Тирана, е епилог од една таква квази-политика на СДСМ, да не се избираат средства за рушење на режимот и власта на ВМРО-ДПМНЕ, кои се разбира, и не се цвеќе за мирисање. Ама на тој мамец се залепија многу гласови. Ај да се присетиме, што велеше Зоран Заев пред албанската дијаспора во Берн, во Швајцарија, во предизборната кампања на 17 ноември 2016 година: “Охридскиот рамковен договор не е доволно. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор. Оти тоа е рамка... некоја... Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија, да има рамки, ограничувања? Не! Мораме да веруваме во еднаквоста и во рамноправноста! Ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец или тој мене како Македонец, за да може да функционира исто како мене или јас исто како него... Македонија ја замислувам, овде ако седиме, ако знаеме кинески, на кинески да се разбереме. Ако знаеме англиски, на англиски да се разбереме. Француски, француски. Албански, албански. Македонски, македонски. Да се ослободиме! Употребата на јазикот мора да биде средство да се разбереме!“

И поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос на истата трибина во Берн, со ист став како и Зоран Заев и Зијадин Села, да се изедначат двата јазика, потребна е промена на Уставот во Македонија.

- Двата јазика, македонскиот и албанскиот, треба да бидат официјални, за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата, исто како во Швајцарија. Kај нас имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски“, - завршен цитат.

https://www.youtube.com/watch?v=lVuvmap0UO4 https://www.youtube.com/watch?v=CPQ71zCQKr4 https://www.youtube.com/watch?v=xi6OCHLy__M

Патем, да не заборавиме на интервјуто и на Зоран Заев од 7 јуни 2013 година на ТВ АЛСАТ: “Се обидовме неколкупати да играме на политики на патриотизмот, како партија на која не и’ приличи таква политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса секако во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Ние сме државотворна партија. Ние сме партијата што беше пример за мултиетничкиот соживот. Играјќи на патриотски варијанти, ќе ги набројам неколку Законот за бранителите, Струга, Кичево.... не ни приличат нам социјалдемократите" - изјави Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=9yslEZd1qv8

Демек, според Зоран Заев, СДСМ е државотворна, ама не и патриотска партија, што е небулоза! Меѓутоа, безгранична плиткоумност.

Едно и основно, што не смее да се заборави: Не постојат во светот анационални држави. Националните држави се основата на светскиот поредок. Истовремено, националното не е антипод на граѓанското, ниту граѓанското е антипод на националното, тие се комплементарни. Грѓанинот не е супститут за нацијата. Грѓанин е само правен однос меѓу поединецот и државата, која пред се’ и над се’ е национална, и ништо повеќе од тоа! Друго е прашањето каков е квантитетот и квалитетот на правата и слободите за да ги детерминираме државите во демократски или недемократски, помалку или повеќе демократски. Сите држави во светот се национални, бидејќи во нивната основа е нацијата! Затоа и партиите како основа на политичкиот систем се национални, треба да бидат патриотски, затоа што не би требало да се предавнички и антинационални, како марионети на туѓи и други држави за нивни интереси и сфери на влијание во нивните држави и територии.

Жалосно е што за софистицирани системски и доктринарни прашања, политика ни водат приучени, од планина симнати, луѓе некадарни, мафијаши, криминалци, интриганти, ситни во душата, слепи и алчни во страста за власт и сласта за моќ и пари! А, има доблесни ителектуалци ова општество, и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци и Еѓиптјани и Хрвати и Евреи и... кои можат долгорочно студиозно и аналитички да мислат и осмислат за подобар, за богат живот... За жал, од сите партиски елити отфрлени, бидејќи основната идеологија на партиските елити стана и остана профитот којшто не познава милост и сентименталност!

Како капаче на сето ова, вреди да се повтори интервјуто на поранешниот новинар Мухамед Зекири за Агенцијата “Анадолија“ од 13 декември 2016 година, сега пратеник во Собранието на СДСМ: “Вредеше целиот овој труд, бидејќи Албанците напишаа историја на овие избори. Со гласањето за СДСМ, Албанците го осудија овој режим и направија тој да не биде повеќе на власт и да не може да функционира на истиот начин како во изминатите 10 години. Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа осетливи и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци... Убеден сум дека ветувањето за употребата на јазикот не е трик за привлекување на гласовите на Албанците во СДСМ... Во моментот кога ќе забележам ретерирање, ќе зборувам јавно и нема да молчам, бидејќи не му должам никому. Јас со мојот кредибилитет сакам да помогнам за општо добро. Нема да дозволам целта за која се ангажирав во СДСМ да биде злоупотребена, да ме злоупотребуваат мене или гласачите што гласале за СДСМ,“ - крај на цитатот.

Со платформата на ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА, бумерангот се врати, ама по тилот на СДСМ, за жал како голем товар врз сите. Ами сега?... е, сега “Иде Дунав... И да погинеш, колко моеж, ќе се спасиш...! А, ако не знаеш да пливаш и ќе се обесиш!“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.