Понеделник, 16 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
КРАЈ НА ЕУ И НАТО!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Европа може да се спаси само со распаѓањето на Европската Унија, а светот може да се спаси само со распаѓањето на НАТО! Брексит е почеток на крајот на Европската Унија, а изборот на Доналд Трамп за американски претседател е почеток на крајот на НАТО! Американскиот унилатерализам и европскиот центризам стануваат трајно минато свршено време!

Историјата и вистината повеќе не почнуваат ниту завршуваат во Брисел и Стразбур! Светот се развива мултиполарно! И редно беше! Луѓето и народите бараат крај на Студената Војна, нов руско-американски детант и мир и развој во светот! Таа нивна волја повеќе никој и никогаш, со ништо не може да ја смени. Ни “отворени општества“ на Сорос, ни тајни друштва на масони, ни мултинационални корпорации за чиишто профитни интереси заложник станаа планетата и човештвото во целост!

Само осум фамилии поседуваат половина од светското богатство! И симулираат нови и нови војни, за нова прераспределба на природните ресурси и на профитите од експлоатацијата врз нив!

Македонскиот народ не гласаше за сувереност и самостојност на Македонија и за распаѓање на поранешна СФР Југославија, заради нејзина замена со Европската Унија, Македонците не гласаа за Брисел место Белград!

Македонскиот народ отфрла членство во воен сојуз, Македонците отфрлаат членство во НАТО! Македонскиот народ бара неутралност, одбрана за самоодбрана на својот суверенитет и интергитет, а не војска за војни со НАТО по светот! Македонците преферираат и евро-атлантска и евро-азиска соработка, активен мултилатерализам, соработка со сите, од пријатели никогаш доста, но на принципот на еднаква сувереност! Македонците немаат вечни пријатели, Македонците немаат вечни непријатели, Македонците имаат вечни интереси: Името на државата, Идентитетот на нацијата, богата, самостојна и суверена држава и богати и достојни Македонци дома и во светот!

Животот е избор!

Кој сака Европска Унија како живот, нека оди таму, додека ја има, ама нејзините “вредности“ тука, НЕ, благодариме!

Кој сака шеријат како живот, пат под нозе во Саудиска Арабија, “вредностите“ на вахабизмот тука, Не, благодариме!

И покрај се' и после се', НЕ во ЕУ, НЕ во НАТО!

За овие цели ќе се бориме и ќе се избориме! Само тие што немаат идеја и програма за својата држава и нација, решенија и пари до вчера чекаа од Белград, сега бараат од ЕУ и НАТО!

Доста од врховисти и колаборационисти!

На Македонија и’ требаат патриоти и родољуби!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.