|
||||
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (7. дел) |
Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ На 22 фебруари 1943 година германскиот амбасадор во Софија Теодоро Данекер и комесарот за еврејски прашања на царборисовска Бугарија Аклександар Белев во името на двете сојузнички по зло држави ,,За иселување најпрво на 20.000 Евреи од окупоираните териутории во источните области,,. Со овој договор, во којшто беа прецизирани сите детали за организација на собирните логори и нацинот на собирањето и депортацијата на евреите од Македонија и Беломорието конецно беше запечатена нивната судбина. Багодарејки на авторот Натан Гринберг кој во 1945 година ја објави клнигата ,,Документи,, во издание на центарот за еврејска историја во Софија, како и на низа други сочувани документи што ги донесе бугарското фашистичко законодавство во периодот од 1941 до март 1943 година, се создава целосна слика за систематското и ревносно работење на фашистичка царборисовска Бугарија за уништување на Евреите. Само благодарејки на интернационалистичкиот и револуционерен дух на Георги Димитров во текот на краткиот државнички период на чело на НР Бугарија можеше да бидато објавени мноштво документи коишто тешко ја обвинуваат царборисовска фашистичка Бугарија за злосторот што го направи во текот на II Светска војна над Евреите во окупираните територии. Само геоиргидимитровска Бугарија знаеше достојно да ги признае сите грвови што ги нанесе на Евреите претходната ненародна и фашистичка власт на Борис III. Во спротивно, дпокументите објавени во книгата на Натан гринберг ќе се негираа или пак ќе беа прогласени за непостоечки што е честа пракса во званичната бугарска историографија и политика денес. ххххххххххххххххххх На трагичниот 11ти март 1943 година, кога беше дефинитивно одлучена судбината на македонските Евреи му претходеа низа мерки од бугарската фашистичка власт што колуминираа со нивтата депортација и уништување во концентрациониот логор за истребување Треблинка, во Полска. Комесарот за еврејски прашања Александар Белев на 23 септември 1942 година ја потпишал наредбата Евреите од ,,целокупна Бугарија,, /под ццЦелокупна Бугаријаа се подразбирале старите бугарски предели и кон нив присоединетите делови од Вардарска Македонија, Егејска Македонија и тракија, како и пиротскиот крај) почнувајки од 29 септември истиот месец задолжително да носат шестокрака Давидова ѕвезда. Од носењето биле ослободени самои Евреите кои биле странски државјани на пропатување низ Бугарија, деца помали од 10 години, како и бугарски Евреи кои од 1 септември 1940 година биле во брак според христијанските обичаи со лица бугарски државјани кои биле покрстени пред 23 јануари 1941 година. За обележување на Евреите бугарската фашистичкс власт изработила два вида на жолти значки: a) округли, што ги носеле Евреите со определени заслуги кон бугарстата држава, а сите останати морале да носат жолта ,,давидова ѕвезда,, . За неносење на овие обејежја бугарската држава предвидовала казна затвор и парична казна од 100.000 лева. Веќе кон крајот на 1942 година Министерството за внатрешни работи на царборисовска Бугарија подготвило 70.000 значки наменети за Евреите од ,,Целокупна Бугарија,,. на 28 декември 1942 година и скопските евреи почнале да откупуваат вакви ознаки коишто никогаш повеке не смееле да си симнат! Работејки неуморно на конечното решение за еврејското прашање, делегатот на Комесатирајот за еврејски порашања за скопската област Иван Захариев на 25 јануари 1943 година издал наредба според којамна скопските Евреи им се забранува посета на ресторани, слаткарници, кафани, млекари и на сите продавници на пијалоци и деликатеси на улиците ,,Цар Боирис,, и "Цар Фердинанд", како и на главниот скопски плоштад. Скопските Евреи не смееле ни да посетуваат кино-претстави во празници, во четврток, петок , сабота и недела во сите кино-сали во Скопје. На Евреите им била забранета посета на игранки, или посета на градскиот парк во Скопје секој ден од 16.оо часот во лето, или од 18.оо часот во зима. Им биле забранети дури и посети на воените гробишта, како и на јавните плажи на Вардар, движењето по главните улици во градот, не можеле да посетуваат претстави во Народниот театар во недела, им било забрането..... Тој ден, на 25 јануари 1943 година Иван Захариев издал и втора наредба сите лица кои носеле еврејски знак нје смееле да ги посетуваат сите хотели во Скопје со исклучок на хотелите "Софија", "Kрушево" и "Ловец", кои мозеле да ги посетуваат само еднаш во шест месеци. На скопските Евбреи им било забрането да се кријат во јавните скривници во текот на воздушни напади. На тој начин постепено но сигурно се подготвувало ,,конечното решение,, за еврејското прашање, т.е. холокаустот на македонските евреи /Холокауст: староеврејски збор што значи погром, уништување/. Ништо подобра не била судбината на Евреите во Егејска и Пиринска Македонија под окупација на фашистичка Бугарија. Пред поцетокот на II Светска војна во Егејска Македонија живееле 56.000 Евреи. Само еден од секои десет Евреи во Егејска Македонија успеал да ги преживее наци-фашистичките погроми. Според пописот од 1920 година во царството Бугарија живееле 45.600 Евреи. нема точен податок колку Евреи живееле во Пиринска Македонија.
|