|
||||
ОБЈАВЕНA ЧЕТВРТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ |
Александар Донски Деновиве на Youtube е поставена четвртата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Ребека Бејли и Стефо Нанцу на кои авторот им упатува посебна благодарност. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија. Четвртата епизода е посветена на сведоштвата од јудејскиот крал Агрипа Втори и римскиот историчар Лукиј Ампелиј. Агрипа Втори бил јудејски крал и бил последен претставник на династијата на Херод Велики. Се родил на крајот од третата деценија на први век по Христа и бил син на Агрипа Први. Тој бил проримски воспитан и се залагал Евреите да не се бунтуваат против Римјаните. Во 58 година во Цезареја лично се сретнал со светиот апостол Павле. На повеќе детаљи од неговиот живот нема да се задржуваме, туку ќе спомнеме дел од еден негов говор во кој античките Македонци се одделно спомнати од Грците. Овој говор на Агрипа Втори останал забележан од страна на најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј. Во говорот Агрипа Втори ги убедувал Евреите дека Римската империја е многу силна и дека попусто ќе се борат. За да ги одврати од намерата да кренат востание против Римјаните, тој им спомнал дека и други народи биле под римска власт, па сепак, никој од нив не се осмелувал да се бори против оваа силна империја. Меѓу наброените народи тој ги спомнал и Македонците, при што рекол: „Што е тоа што ве тера да станете и да им се спротивставите на Римјаните? Можеби ќе кажете дека е тешко да се поднесува ропството. Да, но зарем не им е тешко и на Грците... А исто е и со Македонците, кои имаат поголеми причини од вас да бараат слобода“. (Josephus Flavius, “War of the Jews”, II, 16,4). Значи кај јудејскиот крал Агрипа Втори имаме многу децидно сведоштво во кое Македонците се јасно издвоени како посебен народ во однос на Грците. За римскиот антички историчар Лукиј Ампелиј (Lucius Ampelius) не се знае речиси ништо. Дури не се знае ниту времето кога живеел. Некои сметаат дека тоа било во II век, но повеќето истражувачи сметаат дека живеел во III век. Ампелиј останал запаметен по своето дело "Liber Memoralis". Тоа е всушност кратка општа историја, која почнува од најраните времиња, а завршува до времето на римскиот цар Трајан (53 - 117 год.). Во ова дело Ампелиј повеѓе пати ги споомнува Македонија и Македонците. Притоа тој недвосмислено ги третира како посебен народ во однос на Грците и останатите народи. Во шестото поглавие на книгата читаме: „Во Азија најпознати (во оригиналот на латински стои clarissimae, што во буквален превод значи „најсјајни“, з.м.) народи се: Индијци, Сери, Персијци, Меди, Партијци, Арапи, Битини, Фригијци, Кападокијци, Киликијци, Сиријцуи, Лики. Во Европа најпознати (clarissimae) народи се: Скитите, Сарматите, Германите, Дакијците, Мизите, Тракијците, Македонците, Далматите, Панонците, Илирите, Грците, Италите, Галите и Шпанците.“ (Liber Memoralis, De orbe terrarum, VI, 3). Практично и овде имаме многу јасно издвојување на Македонците и Грците како одделни народи. Во истото поглавие овој антички автор недвосмислено пишува дека Олимп целосно била македонска планина: „Најпознати планини во целата земја се: Кавказ во Скитија, Емод во Индија, Либан во Сирија, Олимп во Македонија, Химет во Атика, Тајгет во Лакадемонија, Китерон и Хеликон во Бојотија, Акрокераунија во Епир, Менал во Аркадија, Апенини во Италија, Ерикс во Сицилија, Апли во Галија и Италија, Пиринеи во Галија и Шпанија, Атлас во Африка и Калпа кај каналот кон океанот“.(Liber Memoralis, De orbe terrarum, VI, 6). Во десеттото поглавие, посветено на империите, Ампелиј ги спомнува оние народи кои имале свои славни империи, при што, заедно со: Асирците, Медите, Персијанците, Лакадемонците (Спартанците, з.м.), Атињаните и Римјаните, посебно ги спомнува и Македонците. Во Шеснаесеттото поглавие Ампелиј накратко го опишува периодот од владеењето на Филип и Александар, па се до римската окупација на Македонија при што заклучва дека римскиот генерал кој ја поразил Македонската војска Паул Емилиј, бил дочекан како ослободител од страна на Грците кои до пред тоа се наоѓале под македонско ропство. „Паул којшто ги порази Македонците, а за Грците беше ослободител и од кои стекна голема слава, секојдневно... ѝ се заблагодаруваше на судбината затоа што успеал да ги порази жестоките непријатели на своите дом и држава.“ Четвртата епизода може да се погледне на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=3EXbA1NpyiU Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк: https://www.gofundme.com/aleksandardonski . Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда! Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.
|