|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА 45. АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД ТРАМП! |
СВЕТСКИ МАКЕАДОНСКИ КОНГРЕС
Â
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА 45. АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД ТРАМП!
Â
20 јануари 2017 година, Скопје, Македонија
Â
- Денес на 20 јануари 2017 година (петок), со почеток во 17 до 19 часот, Светскиот Македонски Конгрес организира следење на инаугурацијата на 45. американски претседател Доналд Трамп во големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба.
Â
На заедничкото следење на инаугурацијата на 45. претседател на Соединетите Американски Држави поканети се повеќе невладини организации, Светскиот Македонски Конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Горанското друштво, Мото клубот Ноќни волци, Граѓанското движење за одбрана на Македонија, Македонскиот манифест, Движењето Стоп операција Сорос и повеќемина македонски реномирани амбасадори.
Â
СМК на настанот ги покани ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери, како што на 5 јануари 2017 година ги повика на семакедонско помирување и обединување.
Â
Медиумски покровител на настанот е ТВ НОВА, а водител ќе биде авторот на програмата “Гласот на народот“ Слободан Томиќ.
Â
Од Собирот, во 17.30 часот ќе биде упатена семакедонска поздравна телеграма до 45. американски претседател Доналд Трамп.
Â
“До Неговата Екселенција г. Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави
Â
Ваша Екселенцијо,
Â
Македонците од сите делови на Македонија и во светот, Ви упатуваат искрени честитки за инаугурацијата за 45. претседател на Соединетите Американски Држави!
Â
Македонците во светот очекуваат крај на Студената војна, американско-руски детант и мир и развој во светот.
Â
Веруваме дека ќе ставите крај на проекциите за големи држави на Балканот, ќе придонесете за почитување на актуелните гео-политички граници и ќе го афирмирате меѓународното право врз принципите на еднаква сувереност и немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот.
Â
Ваша Екселенцијо,
Â
Веруваме дека Вие и Вашата администрација ќе го продлабочите американско-македонското стратешко партнерство.
Â
Македонците во светот веруваат дека ќе останете доследен и достоен на американското признавање на Македонија под државното име од 4 ноември 2004 година, и ќе го поддржите крајот на македонско-грчките разговори за разликата за името и безусловното продолжување на македонското членство во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото историско и државно име Македонија!
Â
Македонците во светот се надеваат на укинување на визите за влез на македонските државјани во Соединетите Американски Држави. Македонците го заслужуваат тоа!
Â
Ваша Екселенцијо,
Â
Господ Бог да Ве благослови Вас и Вашето семејство, Господ Бог да го благослови Американскиот народ и Македонскиот народ, Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави и Македонија! Амин! Искрено Ваши,“ - се вели на крајот на поздравната телеграма. |