Среда, 25 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет

vevcansko1

Синоќа во „Младинскиот центар“ во Вевчани се одржа презентација на проектот „Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“ реализиран од страна на КУД „Дримкол“ Вевчани, а подржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - сектор за подршка на невладини организации. Присутните на презентацијата имаа можност да се запознаат со следните резултати од проектот:

 • Брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се  опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи од Вевчани, кои КУД „Дримкол“ ги зачувал преку автентично поставување на сцена,

• Изложба на фотографии „Нематеријално културно наследство низ призмата на објективот“, на кои се прикажани сцени од Вевчанските обреди и обичаи, со цел посетителот да има можност од поблиску да се запознае со нематеријалното културно наследство на Вевчани,

• Документарен филм „70 години – Со песна и оро до височините“, кој зборува за долгогодишната играорна традиција во Вевчани.

- Овие резултати во краток рок ќе допринесат за: зголемени промотивни активности за претставување на нематеријалното културно наследство на Вевчани, оптимално искористено нематеријално културно наследство во функција на развој на културниот туризам во Вевчани, зачувување на голем број на специфични обреди, песни и игри кои се карактеристични за Вевчани кој ќе сведочат за богатата духовна култура, акумулирано огромно умеење пренесувано од генерација на генерација, што егзистирало како жива дијалектика на културниот процес во чие што седиште е традиционалната култура - изјави координаторот на проектот Кирил Бебекоски.

Покрај синоќешната јавна презентација на содржините на проектот, истиот ќе биде промовиран за време на свеченостите по повод одбележувањето на 70 години фолклорна традиција во Вевчани во Мај оваа година.

vevcansko2

vevcansko3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.