|
||||
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (9 дел) |
Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ ВО СКОПСКИОТ МОНОПОЛ Адаптацијата на просторот во скопскиот Монопол за прибирање на македонските Евреи пред нивната депортација се одвивала во најголема тајност. За извршените работи биле потрошени 1.264.609 лева. На секој агол од логорот биле поставени пушкомитралези, а во дворот се движеле полицајци со машинки, качени на коњи. Околу логорот постојани кружеле воени патроли. Секој контакт со логорашите бил строго забранет. Во логорот имало само 15 клозети во коишто нужда се вршела групно и под надзор на полицајци. Во секоја од 30те соби биле направени полици од даски, а коминикацијата меѓу собите била невозможна. Дури три дена од собирањето на македонските Евреи во скопскиот логор им било дозволено да одат по нуижда, или да наполнат вода за пиење. За по нужда секоја соба имала на располагање само половина час и голем број од затворениците заради гужвите воопшто не стигнувале да го искористат ни тоа малку расположиво време. Дури петтиот ден од приведувањето на затворениците им дале по 250 грама леб и малку чорбест грав и ориз подготвен во импровизираната кујна. Забележени се исказита за стравотиите во бугарскиот логор во скопскиот Монопол на Жените биле соблекувани голи Елена Леон Ишах, лекарка од Битола, Мико Ноах од Скопје, Берта Хаим Ноах од Скопје, Хаскија Пијаде и Боро Верон, исто така од Скопје "заради прегледи", а многу од нив биле силувани и тепани. И следните денови во логорот продолжувало пљачкосувањето на она малку вредно што успеале некако да го сокријат несреќните логораши. Затворениците немале никакви лекови, а бугарските стражари продавале ,,под рака,, кило леб што чинел 16 лева, дури за 500 лева. Во бугарскиот фашистички собирен логор во Скопскиот Монопол на 11 март 1943 година вкупно биле собрани 7.215 Евреи, од тоа 3.313 од Скопје, 3.351 од Битола и 551 од Штип. По два дена, на 13 март биле приведени уште 25 Евреи од внатрешноста и бројот на затвореници се зголемил на 7.240 лица. По 22 март 1943 уште 75 Евреи биле донесени во логорот во Скопје со што вкупниот број на логораши изнесувал 7.315 лица. Во текот на десетдневното заробеништво во лопгорот во Скопје биле ослободени само оние евреи кои биле лекари по занимање или апотекари со нивните семејства, Евреи шпански, италијански или албански државјани, или вкупно 165 лица. На скопските претставници на Црвениот крст не им било дозволено да ги посетат затворените Евреи, но затоа не пропуштил прилика да го посети логорот германскиот конзул во Скопје Артур Вите, комесарот за еврејски прашања на фашистичка Бугарија Александар Белев и други фашистички претставници. Меѓунаслов: НА ПАТ БЕЗ ПОВРАТОК Најголем број македонски Евреи се убиени во концентрациониот логор за ликвидации Треблинка, во Полска, а некои се ликвидирани во конц-логорите Аушвиц, Дахау, Берген-Белзен, Матхаузен. По завршетокот на II Светска војна од логорите насмртта во Македонија се вратија живи само 15 Евреи, од Албанија и Италија 116 души, а од разни други логори уште 65 Евреи. Првиот транспорт на Евреи од логорот во Скопје, придружуван од бугарски полицајци, тргнал на пат без повраток на 22 март 1943 година. Само ден пред тоа (на 21 март) било одлучено да патуваат 1.600 скопски Евреи и ним им била поделена и храна за по пат. Но на 22 март било наредено уште 800 Евреи да патуваат, од кои поголем дел не добиле воопшто храна. Вториот транспорт на македонски Евреи затворени во сточни вагони тргнал кон логорот на смртта треблинка на 25 март и во него биле дел од скопските Евреи, сите штипски Евреи и дел од битолските Евреи. Овој транспорт, споредсеќавањето на доктор Ишах Леви, уште во Скопје бил превземен од припадниците на Гестапо.
Со првиот транспорт биле одведени 2.338 македонски евреи, од кои пет поцинале по пат, со вториот 2.402 лица од кои три починале по пат, а со третиот транспорт биле депортирани 2.404 лица од кои пет починале на пат. За судбината на македонските Евреи во текот на транспортот од Скопје до Треблинка податоци се добиени од документите запленети кај германската полициска чета во нишка Бања која дала војници за придружба на транспортите, а по телефонска наредба на германскиот амбасадор во Софија Теодор Данекер.
|