|
||||
Националниот Комитет на МААК го охрабрува претседателот Иванов да го заштити Уставот |
Националниот Комитет на МААК ја предупредува македонската јавност дека изјавата на портпаролот на Европската Унија,Маја Коцијанчиќ,е спротивна на Уставот на Република Македонија и единствено има за цел,според планот на поранешниот државен секретар на САД,Џон Кери,одново да ја врати Република Македонија на „линијата на огнот„ доведувајќи ја до работ на граѓанска војна.Ова,бидејќи е повеќе од јасно дека секој обид за погазување на изборната волја на мнозинството од македонскиот народ,со јасно изразена изборна доверба на коалицијата „За подобра Македонија„ предводена од ВМРО ДПМНЕ,ќе биде вовед во таква,несакана,разврска. Имено,отуѓените од сопствените матични држави,корумпираните бирократи во Брисел,инсталирани таму од обама-клинтоновското разузнавачко-криминално политичко подземје,не ги претставуваат ставовите на државите членки на ЕУ,туку како отуѓена инсталирана врхушка,го продолжуваат обидот за предизвикување нови немирни жаришта и воени судири,како единствена опција на веќе поразената обама-клинтоновска политика.Така,овие корумпирани бриселски инсталации,покрај обидот во Република Македонија да инсталираат Влада спротивно на јасно изразените изборни резултати и спротивно Уставот на Република Македонија,го поттикнуваат и насилството на истокот на Украина и започнуваат со дестабилизација на Босна и Херцеговина. Тоа е нивниот последен,очајнички обид,да го оневозможат започнатото затоплување на односите меѓу САД и Руската Федерација,но и меѓу државите членки на ЕУ поединечно со Руската Федерација,со што,би го вратиле светот во обама-клинтоновската ера на судири,нестабилност и нови жаришта во обид да предизвикаат воена катастрофа од пошироки размери. Токму затоа,Националниот Комитет на МААК го охрабрува претседателот Иванов да го заштити Уставот и уставните одредби на Република Македонија,не потклекнувајќи пред уцените,заканите и притисоците од страна на инсталираните корумпирани бирократи од Брисел,чиј крај се наѕира,со што ќе ги оневозможи нивните веќе двегодишни планови за дестабилизација на Република Македонија и нејзино враќање на „линијата на огнот„ и недвосмислено ќе придонесе во воспоставување на новите меѓународни односи на пријателство и соработка. Истовремено,Националниот Комитет на МААК го задолжи претседателот на партијата,доколку се јави потреба,да го повика членството,симпатизерите и сите добронамерни граѓани на Република Македонија,во одбрана на Уставот и уставните одредби и во одбрана на изборните резултати и начинот за формирање Влада произлезени од нив,а против обидот за насилно инсталирање на Влада,спротивно на јасно изразената изборна волја на 11-ти декември минатата година. НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ НА МААК |