|
||||
ЗОШТО ЗА 60.000 ГЛАСА, СДСМ СТАНА АЛБАНСКА ПАРТИЈА? |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Настрана криминалот, никој никогаш не побегнал од судот на историјата, народот и правдата. Кога, тогаш... Но, да поентираме со насловот од коментаров... За 60.000 гласа на Албанци, Зоран Заев го прогласи Социјалдемократскиот сојуз за албанска партија, претходно за непатриотска и за немакедонска партија. Ако за 60.000 гласа на Албанци, Социјалдемократскиот сојуз стана албанска партија, што се останатите 370.000 кои, исто така, гласаа за оваа партија? И, кој и зошто ним им го одзеде идентитетот? Не дека некој забранува Албанци да членуваат во СДСМ или за оваа и за друга партија да гласат. Едно време и ДУИ формираше ограноци во Источниот дел на Македонија со Македонци, се разбира, за работни места по клуч од коалиционата поделба на власта. И во Јужниот дел на Македонија, Македонци гласаа за кандидатот за претседател на Републиката од ДУИ... Ама, за СДСМ на последните парламентарни избори гласаа најмногу Албанци во најголемите упоришта на терористичката ОНА, каде што во 2001 година прогласуваа "слободни територии од славо-македонските окупатори". Тие сигурно не гласаа за Зоран Заев затоа што им ветил атмосферска и фекална канализација и асфалтирање на улици, туку за федерализација и двојазичност на Македонија. Ако СДСМ е албанска партија, зошто не ги поканија во составувањето и пишувањето на "албанската платформа"? Зошто Еди Рама не го покани СДСМ на координациите со ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА, во Тирана? Велат, ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано. Што ако тие 60.000 гласа се дел од "албанската платформа" за "окупација" на СДСМ и одмакедончување на оваа партија за остварување на барањата токму од "албанската платформа"? Впрочем, СДСМ веќе се изјасни дека за нив се' е прифатливо од "албанската платформа", со што ги погазија своите потписи на сите претходни договори за Македонија! Секако, држи вода и прашањето, кој е поголем предавник: Македонска партија која ја прифаќа "албанската платформа" или "немакедонска партија" која, исто така, ја прифаќа "албанската платформа"? Без разлика, на сите ним заеднички именител им е: предавство! Како и да е, на крајот сите тие ветувања ќе останат само една голема лага, во страста за власт и сласта за моќ и пари. Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време, затоа што народот веќе виде се'! |