|
||||
Во Прилеп нови работни места во индустриските зони |
Градот под Марковите кули на чело со ревносниот градоначалник Марјан Ристески кој успешно го одработува својот трет едно по друго градоиачалнички мандат во минатата година преку средства од локалниот буџет и во координација со Владата на Република Македонија продолжија со реализација на нови грандиозни проекти кои истите ќе значат подобрување на квалитетот на живот на обичниот прилепчанец. Најголемо внимание е посветено на отворањето на нови работни места. За таа цел комплетно и изградена инфраструктурата во слободната економска зона ТИРЗ во близина на с.Алинци. Инвестицијата тешка 147 000 000 денари е обезбедена од дирекцијата та технолошко - индустриски развојни зони и Владата на Република Македонија. Ва тоа место се постави нов асфалт на пристапните улици. Исто така, се постави нова водоводна и канализациона мрежа и се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се друго што е потребно за нормално функционирање на ТИРЗ зоната. во оваа слободна технолошки - развојна индистриска зона ТИРЗ почна со работа Американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм. Инврстиција вредна 20 милиони евра и во моментот работат над 800 работници од Прилеп и населените места кои гравитираат со градот под Марковите кули. Во Тирз се изгради и објект на германската компанида Акомпласт која наскоро треба да започне со работа. Во оваа фабрика се очекуваат нови 100 вработувања. Се финишираат прековорите со други мултинационални компании кои сакаат да инвестираат во ТИРЗ Прилеп. Се изгради поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона Прилеп1. Со средства во висина од 27 милини евра обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа како и Грант од Светска банка од124 000 евра. Во оваа зона се продадени 27 локации. Изработен е новиот ДУП за индустриската зона Прилеп 2, каде се продадени 5 од вкупно 14 локации. На крајот, со еден збор кажано во минатата година само во индустриските зони и слободната Технолошко-индустриско разбојна зона /Тирз) се отворени околу1000 работни места во Градот под Марковите кули. Дипл.Екк.Рубинчо Б.Јованоски од Прилеп |