Среда, 15 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
БУДЕВСКО МААЛО

Многу малку позната но сепак реална е вистината дека село Пожаране, покрај сега постојните пет маала: „Јанковско Маало“, „Долмо Маало“, „Волчевско Маало“, „Печовско Маало“, и „Бучковско Маало“, во минатото го сочинувало  и уште едно, познато како „Будевско Маало“.

pozarane-1
МЕСТОПОЛОЃБА НА „БУДЕВСКО МААЛО“

budevsko-maalo-1

„БУДЕСКО МААЛО“

Со текот на времето, како што годините одминувале и мештаните од ова маало скоро целосно се исселиле од истото, оние кои сеуште повремено доаѓаат тука во посета на родното огниште, доколку ги запрашате ќе ви одговорат дека се, односно и припаѓаат на  „Бучковци Маало“.

Тоа е така затоа што „Будевско Маало“ се наоѓа на западната страна на село Пожаране, каде што се наоѓа и „Бучковци Маало“ така што овие две мала меѓусебно се слепени и испреплетени едно со друго и само заедничкиот пат кој поминува помеѓу двете маала е мошне тенка линија на разграничување.

Впрочем, и до ова маало се стига по истиот пат по кој се стига и до „Бучковци Маало“, пат кој  води од соседното „Волчевско Маало“ па нагоре кон запат се до овие маала на оддалеченост  од околу пет минути одење пеш.

 budevsko-maalo-2

budevsko-maalo-3

ПРИСТАПНИОТ ПАТ И ПАТЕКА ДО МААЛОТО

До „Будевско Маало“ се стига и по заобиколен пат – оној од кај „Јанковци“ односно преку селското џаде кое води кон каналот „Шарски Води“ како и една пешачка патека која е заедничка и за двете овдешни маала наречена „Посокак“.

Историските податоци кои датираат уште од 1913 година говорат дека „Будевско Маало“ го основал родот „Будевци“ – староседелци, по кој род  го добива и името ова маало. Еден дел од овој род изумрел во Пожаране а помалиот дел се исселил од селото. 

Според истите извори  „Будеско Маало“ во тоа време било населено само со жители-муслимани.

Во минатото ова маало, кое броело околу десетина куќи, денес добар дел од нив се разрушени или се во фаза на распаѓање. Само во некои од нив може сеуште да се живее.

Браќата Емин, Џафер, и Нурдин, Шоип и Вајшо, Лиман и Осман, Междија и Деар, Азир и  Емин  беа столбови на семејните домаќинства кои го сочинуваа ова маало.

Денес во ова маало постојано се живее само во семејното домаќинство на Адемовиќ, а повремено во некои од преостатите куќи како и две до три ново изградени викендички, кои како такви во голема мера ја изменија овдешната слика на маалото.

 budevsko-maalo-4

budevsko-maalo-5

НОВОИЗДРАДЕНИ ВИКЕНДИЧКИ

По својот инфраструктурен излед, куќите на ова маало се изградени на еден претежно стрмен терен, не така збиени една до друга, пред секоја од нив двор но и градина во непосредна близина. Крошни од високостеблести дрвја низ оваа  маало се реткост, освен во градините каде е многу пријатно за прошетка и релаксација во природа.

Најголемиот дел од имотите на мештаните од ова маало се наоѓаат во месноста: „Почијалец“, „Личкин Камен“, „Чедруњивје“„Леништа“ „Арсланово“ и уште неколку други места..

budevsko-maalo-6

budevsko-maalo-7

СТАРА КУЌА И ПОГЛЕД КОН ПОЛОГ ОД ОВА МААЛО

Во трката со времето и барањето на подобри услови за живеење, најголемиот дел од мештаните на ова маало  денес се исселени и сега живејат во соседното село Варчиште,  Дебреше, но ги има и во Гостивар и Тетово.

Во минатото, основна дејност на семејствата од ова маало било земјоделството и сточарството. Скоро во секоја куќа се одгледувал мал број на ситен и крипен добиток.

Со вода за пиење жителите од ова маало во минатото се снабдувале од „Бучковска Чешма“ која преставувала заедничка чешма и за двете маала, додека денес, претежно викендичките се поврзани во мрежата на селскиот водовод. Маалото, како и впрочем целото село е електрифицирано. 

Она што посебно би сакал да го напоменам за ова маало е фактот што во минатото, кога во него активно се живеело, помеѓу мештаните со соседното „Бучковци Маало“, (не само помеѓу возрасните туку и децата), се живееше сложно и здружено,  без никава подвоеност по било кој основ, а намјалку по верска припадност.  Мирот  и спокојството беше основна одлика меѓу луѓето  и секој на секого му излегувше во пресрет да помогне, секогаш кога постоело потреба за тоа. Тука во овие две маала „Будевци“ и „Бучковци“  жителите од истите радоста и тагата ја чуствувале и споделувале подеднакво меѓу себе.

Во оваа пригода, од жителите на ова маало посебно би сакал да ги споменам имињата на Азир и Емин Адемовиќ, кој што беа блиски и неразделни пријатели на моето семејство Војноски, како и фактот што и двајцата браќа беа истакнати фудбалери од ова маало кои во минатото подеднакво ги бранеле боите на фудбалскиот клуб „ШАР“ од Пожаране и дале свој скромен допринос во неговата афирмација..

За крај би сакал накратко да раскажам и за две стории кои се сврзани за  судбините на две семејства од ова маало:

-Едната сторија, која датира од поново време е онаа со    пожарот кој избувна во домот на семејство Азири Ќамил.

Ова семејство потекнуваше од ова маало а домот за нивно живеење се наоѓаше во месноста „Почијалец“- познато како „колибата на Ќамил“.  Трагичниот настан за ова семејство се случи во седумдесетите години на минатиот век, кога високи пламени јазици го претворија во пепел неговото скромно живеалиште и однесоа со себе човечки животи. Бидејќи „колибата“ беше прилично оддалечена од селото, помошта на мештаните во гасење на опожарениот објект пристигна со задоцнување.

-Втората сторија датира  од подалечното минато, односно од времето  на турското владеење, кога турски зулумќари ќе грабнат девојка од едно семејств  на ова маало( имињата не ги спомнувам од оправдани причини)  Случката се случила дење, кога машките глави на ова семејство биле на нива  по работа. Штом дознале за настанот, тројца од четворицата браќа, качени на коњи преку месноста „Попов Камен“ се упатиле кон Тетовската Кааза, каде што од тамошниот валија побарале да им биде вратена грабнатата девојка. По долго убедување, валијата се согласил со тоа но под еден услов кој им го поставил - да го превземат муслиманството како нивна вера што и било сторено.  На враќање назад, негде на пола пат, ги престертнал и нивниот четврти брат кој тргнал по нив за да им помогне. Откако другите тројца браќа му раскажале што се се случило, сите заедно одлучиле четвртиот брат да ја зачува православната  вера која до тогаш ја имал и да не ја менува како што тоа под притисок и закана го направиле остататите. Така и било сторено. Се сопменува дека подоцна четвртиот брат со своето потесно  семејство ( кое било свештеничко семејство) се иселил од ова маало во Гостивар,  и дека уште долго време сите заедно живееле во слога и взаемна почит, обострано посетувајќи ги своите семејствата за време на празници, слави и семејни веселби.

 budevsko-maalo-8

ПАНОРАМА ОД МААЛОТО

 budevsko-maalo-9

СЕЛСКИОТ ВОДОВОД ЛОЦИРАН ВО МААЛОТО

-Драги мои!

Тука е и крајот на сите мои настојувања и заложби, со слика и збор поблиску да ги преставам сите пожарански маала, да раскажам друга приказна сврзана за нив,  како би можел да ги доловам сите пропуштени настани од минатото ако ништо повеќе барем само колку да се знаат и никогаш не избришат од нашите спомени и сеќавања се со една и единствена цел: да се создаде поточна и појасна претстава за минатото, сегашноста и иднината на  село Пожаране.

Колку во тоа успеав ? – проценете сами...

Автори на текстот: Боге Војноски и Слободан Тофилоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.