|
||||
Госпоѓа Могерини отворено му се закани на македонскиот народ |
Националниот Комитет на МААК и укажува на целокупната македонска јавност дека изјавата на госпоѓа Федерика Могерини,дадена пред нејзиното заминување од Република Македонија,со која навестува геополитички конфликт,покрај тоа што е исклучително опасна за мирот и стабилноста на балканските држави, недвосмислено зборува дека корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО и нивните политички миленици од Тирана и Приштина,свесни за новата политичка реалност и новите геополитички односи во светот,кои се рефлектираат и на Балканот,нервозно и во најголема итност,се обидуваат да го довршат Клинтон-Обама проектот за Балканот. Проект кој содржи две алтернативни решенија. Првото предвидува редефинирање на унитарната држава на македонскиот народ,Република Македонија,во федерална држава на две етнички заедници,со рамноправни,официјални јазици на двете заедници и со име кое нема да биде изведено од името на ниту едната етничка заедница.Со тоа би се затворило постоењето на македонскиот народ и неговата матична држава и, хибридната федерална творба би била итно втурната во милитантната НАТО организација, како ,,голема придобивка,, од националната евтаназија,реализирана преку погубната политика на Зоран Заев. Наследничката на Валтер Холштајн,првиот претседател на Европската комисија (тело кое во ЕУ носи оценки за напредокот на Република Македонија),инаку еден од најблиските соработници на Адолф Хитлер,госпоѓата Федерика Могерини,вчера во Скопје,ја најави втората алтернатива на овој проект. Имено,госпоѓа Могерини отворено му се закани на македонскиот народ,доколку не ја прифати опцијата за федерализација и тивко бришење на македонското постоење,дека тоа би бил геополитички конфликт,или агресија од Албанија и Косово,според кој,со премолчено одобрување од корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО,би се формирала фашистичката творба Голема Албанија,која егзистирала во златното време на фашизмот од 1941 до 1943 година,со што,Република Македонија,по повторното распарчување,стотина години после Букурешт,дефинитивно би била избришана од европската карта. Затоа,Националниот Комитет на МААК,откако паднаа маските на корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО,заканувајќи ни се со геополитички конфликт,произведен и реализиран токму од нив, јасно и отворено,ја повикува Руската Федерација,директно,со сите расположливи средства,да застане во категорична одбрана на Македонија,како колепка на православието и писменоста,вредности кои со милениуми заеднички ги споделуваме. Националниот Комитет на МААК сака да ја потсети целокупната домашна и меѓународна јавност дека вредностите на кои денес се повикуваат ЕУ и НАТО се менувале,се менуваат и ќе се менуваат,зависно од односот на политичките сили во европските држави и САД,додека вредностите кои заеднички,веќе со столетија ги споделуваат рускиот и македонскиот народ,се трајни и непроменливи. Токму во името на тие заеднички вредности,инсистираме на заедничка заложба за зачувување на државата на македонскиот народ. Национален Комитет на МААК |