|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД ЗА ЕДНО ИМЕ И ЕДЕН ЈАЗИК - ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА! |
ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЊУ ЏЕРСИ И ЊУЈОРК, САД МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД ЗА ЕДНО ИМЕ И ЕДЕН ЈАЗИК - ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА! 5 март 2017 година, Њујорк, САД - Движењето за македонски човекови права од Њу Џерси и Њујорк, заедно со Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј“ од Њу Џерси, Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ од Њу Џерси, Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ од Њујорк и Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ од Пенсилванија, загрижени за политичката криза во Македонија, едногласно утврдија Декларација за унитарна Македонија. Во Декаларцијата се вели: Во тек на подготовките на оваа Декларација ја добивме најубавата вест од изборите во декември 2016 година до сега: Претседателот на Републиката Ѓорге Иванов не го дал мандатот за состав на Влада на оние што посегнуваат по името и идентитетот, по унитарноста, јазикот, историјата и културата на Македонскиот народ и на Македонија. Иако бевме загрижени од поинаков исход под притисок на надворешни фактори и домашните колаборационисти и неоврховисти, сепак очекувавме Претседателот на Републиката да постапки како што стори. Најискрено му благодариме на Претседателот Иванов, бидејќи ова е трет пат како ја спасува од крвопролевање Република Македонија. Македонците во Соединетите Американски Држави го ценат за голем човек и вистински државник во заштитата на македонските национални и државни интереси. На организаторите и учесниците на протестите што се одржуваат низ цела Македонија, им се придружуваме и им даваме безрезервна поддршка во нивните и наши барања за заштита и зацврстување на унитарноста на Македонија. Ги охрабруваме да продолжат со протестите, се’ додека не се создадат услови за формирање на Влада, која со потпишана семакедонска платформа ќе ги штити интересите на Република Македонија, нејзиниот идентитет, историја, јазик и посебно нејзината унитарност како национална држава на Македонскиот народ и националните малцинства кои живеат во неа и ја сакаат за своја татковина. Апелираме до членовите на македонската опозициска партија и нивните локални управи да побараат неотповиклива оставка на неколкуте лидери кои декларативно и тајно ја прифатија големоалбанската платформа потпишана во друга а подготвена во трета држава. Со нивната постапка тие извршија големо велепредавство на Македонија и граѓаните кои живеат во неа. Минатото покажало дека таквите не останале неказнети на еден или друг начин. Од тие причини не дозволувајте, на своите деца и идните ваши поколенија, да им ја оставите стигмата како предавници на својот Македонски народ и на својата држава Македонија! СЕПАК, ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ За зацврстување и зајакнување на темелите на Македонската државност, за поголем углед и почит во светот, како и економски раст и стабилност во државата, од идната Влада бараме да се спроведе следното: (1) Попис на населението, Македонија во минатото издржала и поголеми предизвици и искушенија, ќе ги издржи и овие. Веруваме дека овие последни моменти ќе придонесат за зацврстување на македонската национална свест на секој кој ја сака својата земја, народ и нација. Едно име, еден народ, еден јазик, една држава Македонија! |