Среда, 08 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (14 дел)

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ЗЛОСТОРСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ,  А ЖИВОТОТ  ТЕЧЕ И ПОНАТАМУ

makedonska-evrejska-familija

Многумина од македонските Евреи кои ги преживеаја стравотиите на  концентрационите логори ширум Европа, а кои по завршувањето на војната се вратија во Македонија, по кратко време повторно ја напуштија земјата и тоа засекогаш, бидејки овде, на секој чекор ги врзуваа свежите спомени од детството за најблиските и најсаканите. Оние што останаа, на иницијатива на Димитар Влахов, набргу ја обновија Еврејската заедница која денес брои 85 (?) члена.

Според изјавата на долгогодишниот поретседател на Еврејската заедница на Македонија Бенјамин Самоковлија, кој се спасил од погромот на македонските Евреи приклучувајки се на партизаните,  во првите години по ослободувањето во Скопје имало вкупно 320 преживеани Евреи, но најголем дел подоцна емигрирале во Израел. 

хххххххххххххххххххххххх

Во колективната меморија на Еврејскиот народ ке остане забележено дека двајца видни Македонци имаат огромна заслуга за нивниот опстанок и за создавањето на Еврејската држава Израел. Тоа се: е Алксандар Mакедонски и Димитар Влахов. Хроничарите забележале дека кога Александар Македонски во своите походи кога ке се приближел кон некој утврден град претходно пракал  претходница за да им порача на локалните владетеле да ги отворат портите и да се предадат, во спротивно ке следи одлучен напад. Оние што ке го прифатиле неговиот ултиматум - обично поминувале добро: Александар ги почитувал локалните владетели (кои продолжувале да владеат како негови вазали) и обичаи, често пати бил милостив и знаел да дарува, а патем земал локални војници и команданти кои ги вклучвал во неговата армија во следните походи.

Истиот гест Александар го направил и кога пристигнал со војските пред портите на Ерусалим. Тој (Александар) испратил емирсаи во Ерусалим кои ја пренесле пораката:"да се предадат, или.....". На старешините на Ерусалим им било многу добро познато што значи спротиставувањето на Александар, тие ширум ги отвориле градските порти и македонската армија влегла во градот. Александар качен на Букефал, коњот кого одел во бројни битки, дојавал пред големиот храм на царот Давид и царот Соломон, а таму го пречекал врховниот рабин на храмот. Рабинот му се поклонил на Александар искажувајки на тој начин почит кон големиот воин, а Александар Македонецот возвратил поклонувајки се уште подлабоко. Рабинот не изненадил и запрашал: "Цару Александре, зарем Ти, на кој целиот свет се плаши од товајта сенка, се поклонуваш на еден обичен рабин?", на што Александар одговорил:"Не ти се поклонувам јас на тебе, туку на твојот Бог што ми се јави на сон во Дион (заб: светиот град на античките Македонци) и ми претскажа дека ке постанам господар на светот", по што оставил на храмот богати подароци од злато и сребро. 

Ќе остане забележено: Александар Македонецот е единствен војсководец којшто дошол со војските во Ерусалим не да руши и пљачкосува, туку да дели дарови.

За Димитар Влахов се знае дека тој како претставник на Солуњаните во турскиот Меџлис во Истанбул го покренал прашањето Империјата да ги отвори границите и да дозволи доселување на Евреи во својата прататковина. После неколкудневна расправа заклучокот на Меџлисот бил дека нема причина да се попречува доселувањето на Евреите во Светата земја кои бегале од растечкиот антисемитизам ширум Европа и така започнува процесот на доселување на бројни еврејски семејства кои во периодот меѓу двете сметски војни покренуваат бројни акции против британските колонизатори на Светата земја, за 1948 година да запоцнат војна за независност што резултира со создавањето на Државата Израел (State of Israel).

Димитар Влахов беше голем пријател со првиот претседател на Државата Израел за што сведочи нивната интензивна коресподенција. Двата државници во многу наврати си разменувале покани за меѓусебни посети, но до такво нешто не дошло заради нивните поодминати години.

Во знак на благодарност и почит за неговите лични заслуги за Еврејството и државата Израел, една улица во Тел Авив денес го носи името на големиот македонски револуционер и деец Димитар Влахов.

ххххххххххххххххххххххххх

ПИРАМИДАТА НА НАЦИСТИЧКАТА ВЛАСТ: ОРГАНИЗАЦИИ, УСТАНОВИ, ЛОГОРИ НА СМРТТА

 АДОЛФ ХИТЛЕР

(водач на Рајхот и врховен командант на Вермахтот)

 ХАЈНИР ХИМЛЕР

 (рајхсфирер на Врховниот совет на ЕсЕс /СС/, министер за внатрешни работи и шеф на германската полиција)

 "Врховен совет" на СС со 12 управи

ХАЈДРИХ и КАЛТЕНБРУНЕР /шефови на R S H A/ , главна управа за безбедност на Рајхот - управа IV: Гестапо на чело со Хајнрих Милер

Реферат  IV  Б 4 КАРЛ АДОЛФ АЈХМАН

------------------------------------------------------------------------------------------------

Бугарски соработници на Рајхот одговорни за ликвидацијата на македонските Евреи:

ПЕТАР ГРАБОВСКИ, министер за внатрешни работи и шеф на бугарската фашистичка полиција;

АЛЕКСАНДАР БЕЛЕВ, шеф на Комесаријатот за еврејски прашања /КЕП/ на царборисовска Бугарија,

ЗАХАРИ ВЕЛКОВ, Делегат на КЕП за Македонија,

ИВАН ЗАХАРИЕВ, Делегат на КЕП за скопската област,

ЃОРЃИ ЏАМБАСОВ, Делега на КЕП за битолската област,

СТОЈАН ХРИСТОВ БАШЧЕВАНЏИЕВ, Делегат на КЕП за штипската област,

ПЕЈО ДРАГАНОВ ПЕЕВ, Командант на  бугарскиот концентрационен логов во Скопје

Крај

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.