|
||||
Пратениците не може самоволно да изберат Влада |
ПОСЛЕ 29 ЈАНУАРИ МАНДАТОТ Е ПОВТОРНО КАЈ НАРОДОТ, ПРАТЕНИЦИТЕ МОРА ДА СЕ РАСПУШТАТ! Пишува Тодор ПЕТРОВ Само уставност и законитост! Се' друго е грубо кршење на Уставот и законите! И казниво! Не, ќе гласаме за нова Влада, ако се откажат од т.н. "албанска платформа", таа никогаш нема да се оствари, туку избори, затоа што така налага Уставот! Изборот на нова Влада повеќе не е желба на пратениците, таа уставна можност ја пропуштија со ултимативните барања на ДУИ! Собранието се конституира со верификацијата на мандатот на пратениците на 30 декември 2016 година, претседателот на Републиката во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, на 9 јануари довери мандат за состав на Влада на кандидатот од пратеничката група со најголем број пратеници во Собранието, што е во согласност со членот 90 од Уставот, мандатарот не успеа да состави Влада поради ултиматумот на ДУИ и толку! Друг мандатар само на нови избори! Членот 90 е исцрпен, мандат за состав на Влада се дава на еден мандатар, роковите завршија и се' после 29 јануари е грубо кршење на Уставот и злоупотреба на службената должност и самовластие и од претседателот и од пратениците. Сите се еднакви оред Уставот и законите. После 29 јануари мандатот повторно е во рацете на народот, затоа што овој состав на пратеници не успеа да договори Влада. Затоа, Собранието мора да се распушти и да се организираат нови избори! Некои велат, нема логика да нема можност за втор мандатар. Логиката е ирелевантна, во членот 90 од нашиот Устав така пишува, само еден мандатар и точка! А, бидејќи пратениците веќе го суспендираа распишувањето на локалните избори, треба да го продолжат мандатот на советниците и градоначалниците со Закон и да ги организираат и локалните и парламентарните избори во ист ден, што е можно најбрзо! Пратениците не може самоволно да изберат Влада без мандатар со доверен мандат од претседателот на Републиката, кој ја исцрпи таа можност на 9 јануари годинава! |