Недела, 12 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
СО ОСТАВКА ИЛИ АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЗБРАН ОД МНОЗИНСТВОТО, ДО ПРЕМИЕР НА МАЛЦИНСТВОТО?!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Според членот 90 од Уставот, Собранието избира Влада,на предлог од мандатар кој добил мандат за нејзин состав доверен од претседателот на Републиката. Бидејќи претседателот на Републиката не доверува мандат за состав на Влада на СДСМ и ДУИ, се разработуваат опции како Ѓорге Иванов да се елиминира од оваа постапка.

Во членот 87 од Уставот се вели:

"1. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

2. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

3. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот."

Оваа опција отпаѓа затоа што СДСМ и ДУИ немаат 80 пратеници.

Во членот 83 од Уставот се вели: "Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии."

Оваа опција отпаѓа затоа што Уставниот суд не би влетал во авантура за одземање на имунитетот на претседателот. Ниту има двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии, ниту има дело за такво дејствие, освен ако му се "придодаде кривично дело што го прави недостоен за вршење на функцијата."

Во членот 82 од Уставот, пак, се вели:

"1. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

2. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.

3. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување."

Се вртат опции за избор на претседател на Собранието, кој би го доверил мандатот на кандидатот на СДСМ за состав на Влада, но за тоа потребно е претседателот на Репубчиката да биде спречен да ја врши функцијата. Значи, или

1. Претседателот Иванов да си поднесе самиот оставка, или

2. Врз него да биде извршен атентат со смртни последици или нарушување на здравјето што ќе го спречат да ја врши функцијата претседател.

Македонија има такво искуство и со Киро Глигоров и со Борис Трајковски. И двајцата беа жртви на атентат. Првиот го жртвуваа за да се ратификува Времената согласност со Атина во Собранието за промена на името и знамето, а врориот заради Законот за територијалната организација на локалната самоуправа. Во 1995 година СМК, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија организираа протести низ Македонија против Македонско-Грчката времена согласност од 13 септември 1995 година. На 5 октомври 1995 година, се очекуваше најголемиот протест во историјата на Македонија, пред Собранието во Скопје, за да се спречи промената на името и знамето, дента кога се ратификува Македонско-Грчката времена согласност. Но, и ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го откажаа протестот поради атентатот врз Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Парламентарниот спикер Стојан Андон дури не почека епилог од атентатот, дали Киро Глигоров ќе преживее, експресно свика Собрание коешто го донесе Законот за ратификација на Македонско-Грчката времена согласност и го смени знамето на државата. Се' помина тивко, без галама...

Атента врз Ѓорге Иванов е ризична операција поради драстично влошување на безбедносната состојба во земјата до граѓанска војна.

Но, опцијата за атентат врз Ѓорге Иванов не е исклучена... Скраја да е, ама во политиката се' е можно, не се избираат средства да се оствари целта.

Мерките не безбедност на претседателот на Републиката треба да бидат на највисок степен на подготвеност за заштита на неговиот живот и здравје... Господ напомош...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.