Среда, 15 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Кукавички јајца од Берлин

Bundestag-Reichstag-Berlin-Tour-Kuppel

Сојузна Република Германија продолжува да ни подметнува кукавички јајца со испраќање емисари во форма на "високи дипломатски претставници" во нашата земја, т.е. нејзини амбасадори во небаре некакви "факт-фајндинг" (утврдување на фактите) мисии. Последниов таков емисар од Берлин што деновиве ја посети Македонија беше Др Христиан Хелбах. Тој е толку многу висок дипломат што амбасадорувал дури во Босна и Херцеговина.

Споменатиот амбасадор после завршувањето на вообичаениот круг на средби со речиси сите што нешто значат на македонската политичка сцена даде изјава дека претседателот Иваноив "морал што поитно да го даде мандатот на мнозинската коалиција". Значи, тоа е пораката, да нерецам наредбата на званичен Берлин искажана од експертот за БиХ.

Што е спорно во оваа изјава на амб. Хелбах? Впрочем, што е она што се крие во заднината на овој став на моќната Германија, која тој став го наметнува и како званична позиција на сите членки на ЕУ, барем судејки по последната изјава на портпаролката Коцијанчиќ која ја цитира  Фредерика Могерини дека Иванов морало (!?) да даде мандат што поскоро на Заев и неговата дружина?

Како прво, симптоматично е што ниту званичен Берлин, ниту Могерини, а ниту  ЕУ во целина не се дистанцираа од таканаречената платформа од Тирана што е еклатантно мешање од надвор (од Тирана) во внатрешните работи на нашата земја (како ќе се чуствуваше Германија ако, на пример, Полска - кон која има толку многу гревови што додека е светот и векот не ке може да се искупи, или Русија да и наметнат платформа за формирање влада во Берлин?). ЕУ е слеп подржувач на политиката на Вашингтон и тоа го потврди и во оваа прилика со игнорирање на апелот на Претседателот Иванов да се осуди платформата од Тирана. Таа платформа не е ништо друго туку подршка на заложбите за создавање на голема Албанија, што е повод за војна од пошироки размери бидејки сосема е извесно дека албанците нема да се задоволат со разнебитувањето на Македонија! Следна авантура во тоа сценарио е југот на Србија и така по ред, Црна Гора, Епир....

Емисарите од типот на Хелбах во суштина имаат пред се кодошка мисија да слушнат од домаќините која е нивната позиција и што намераваат да превземат во одредена ситуација за да пренесат во нивните земји каде се планираат контра-мерки за спротиставување и спречување на нашите планови, и ништо друго и ништо добро! 

Да сме на јасно, авторството на платформата од Тирана му го припишуваат на Еди Рама, кој неспорно е голем подлец чим така бескрупулозно се меша во внатрешните работи на соседите, но Еди Рама не е толку бистар да создаде такво писание, што со две раце ке потпишам е творба на онаа злосторничка ЦИА која толку несреќи има сторено ширум светот, а се чини ке продолжи со таа пракса во иднина и со новава администрација во Вашингтон, за жал.

Ставот на Германија за платформата и концептот за создавање на некаква "голема Албанија" е континуитет на "Геншеровата доктрина" со голема доза на расизам, и со фашизоиден пристап според кој: се што се наоѓа јужно од реките Сава и Дунав е "темна зона" и "човечки отпад", осем нивната им миленичка Грција и верната сојузничка на Третиот Рајх, Бугарија! Тоа Геншер (Ханс Дитрих Геншер, 17 години министер за надворешни работи на Германија) многу експлицитно го покажа во случајот со Македонија со игнорирањето на препораките на Бадентеровата комисија која препорача меѓународно признавање на Македонија, што тој и владата во Бон најбезочно го игнорираа.

Ако Германија држи до себе, до принципи и почитување на меѓународното право прво, oна што треба да го стори е ДА СЕ ИЗВИНИ на Македонија за постапката на Геншер и да ни компензира за грешките и последиците од "Геншеровата доктрина" што е основа на германската политика кон македонија изминатиов четврт век (а зошто да не и да ни компензира и за штетите и жртвите од бомбардирањето на Штип, Битола и Скопје во 1941 и за другите разурнуванја и злосторства во текот на Втората светска војна! Ако Грција поставува таквои барање, зошто да не поставиме и ние?) и да престане да се обидува да не залажува со некакви изјави за пријателство и подршка на нашата земја. Не сме малолетни, ниту малоумни да не гледаме конкретно што ни прави Германија и како се однесува кон нас овие 25-26 години од осамостојувањето! Впрочем, ние точно знаеме какви ставови и диктат наметнува Германија во однос на Македонија и во самата ЕУ кои не се нималку пријателски ни подржувачки (фала Богу и ние имаме пријатели внатре во ЕУ кои споделуваат со нас и точно знаеме се што се случува таму, во Брисел).

Можеби не е лошо, колку за потсетување, но и како пример да ја наведеме германската подршка на балистите во конфликтрот во 2001 година, дека токму германски хеликоптери од КФОР/НАТО стационирани во Косово истовараа заштитени со димни завеси, контејнери во седиштето на злогласната ОНА во Шипковица. Што се имало во тие контејнери не знаеме, но во состојба на војна можеме да претпостасвиме! Ние поседуваме и фотографии со ознаки на хеликоптерите и нека не се занесуваат дека не сме свесни на чија страна беа германците во тој конфликт.

ЕУ, во тие рамки и Германија, некако благо и нежно изразија  "загриженост" за најавата за формирање косовска армиja и тоа одкога ги преплавија со оружје, што не е ништо друго туку подршка и охрабрување за понатамошна ескалација на проблемите и дестабилизација на поширокиот рагион на Балканот. Бескрупулозно, без дилеми.

Позната е целта на САД и Германија/ЕУ за ова што ни го прават последниве неколку години, што во суштина што е подршка на фашизоидната политка на Атина за разнебитување на Македонија како држава и нација. Но платформата од ЦИА, презентирана преку Тирана наговестува нешто уште пострашно, бидејки крајна цел е: целосно исчезнување и поделба на Македонија како држава и македонците како нација по сите основи од планетата земја.

Ние македонците имавме големи надежи и очекување од претседателот Трамп, базирано на неговите предизборни изјави, но се чини дека вашингтонската бирократија сепак успеа да го  "приземји", судејки, на пример, по неспремноста да го повлече оној мрачен тип Џес Бејли кој со своите постапки толку многу лично придонесе (сосема непотребно) за пораст на антиамериканското расположение во Македонија. Токму од тие причини сите заедно, до последен Македонец, секој според своите капацитети и можности одлучно да се спротиставиме на овие настојувања, да бараме пријатели ширум светот, но да делуваме пред се обединети, дома. 

Само интернационализација на актиуелнава пропагандна САД/НАТО/ЕУ агресија врз Македонија и кохезија на македонците може да не извлече од овие состојби, во спротивно...

Автор: Ѓорѓи Поповски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.