Среда, 15 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Поддршка на движењето „За заедничка Македонија“

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, упатува јавна поддршка на движењето “За заедничка Македонија“ во одбрана на унитарноста и државноста, а против двојазичноста и федерализацијата, во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК ја отфрла таканаречената “албанска платформа“ како дел од наци-фашистичката креација “Голема Албанија“, бидејќи го суспендира Охридскиот рамковен договор којшто целосно е имплементиран во Уставот и законите, а претставува вовед во федерализација или бинационална држава и територијална дезинтеграција до сепарација!

СМК апелира на итен попис на населението во согласност со биометриската матична евиденција и книгата на државјани. Заради релаксација на етничките тензии, СМК предлага уставна декларација со којашто државата ги гарантира стекнатите права и слободи со уставните амандмани од 2001 година независно од пописните резултати, заради оневозможување на мајоризација на мнозинството врз идентитетските права на етничките малцинства, но етничките малцинства се должни да ги почитуваат законите на мнозинството! СМК предлага службена употреба на јазиците на етничките малцинства само во општините каде што се мнозинство и нивна законска нотификација и уредување на службената употреба на јазиците и писмата на етничките малцинства кои се помалку од 20% во вкупното население со Закон, а не со статутите на општините!

СМК упатува на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја.

СМК очекува процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред Јавното обвинителство.

СМК бара почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација.

СМК ги повикува Македонците во татковината и во целиот свет на мирни протести за унитарна Македонија и за Македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија и во нејзните меѓународни односи!

СМК го почитува правото на мирен протест, но ги отфрла насилството и агресијата за остварување на политички цели, и повикува на неповредивост и неприкосновеност на животите и имотите!

СМК очекува крај на политичката криза и на мирните протести во државата и во светот, со договор за нови парламентарни избори заедно со локалните во најбрз можен рок!

СМК отфрла меѓународна арбитража за решение на политичката криза!

СМК смета дека Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам - од пријатели никогаш доста, а врз принципите на еднаква сувереност што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот и реципроцитет во меѓусебните односи. За Македонија нема вечни пријатели, за Македонија нема вечни непријатели, за Македонија има вечни интереси - името на државата, идентитетот на нацијата, богата и безбедна држава Македонија и среќни, богати, горди и достојни Македонци!

Доколку Европската Унија и НАТО прават обиди за дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија, СМК ги повикува Руската Федерација и Кина, како постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија!

СМК бара итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и упатување предлог Резолуција на есенското заседание на Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации, под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои сеуште траат до денес.

СМК прокламира неутрален статус на Македонија, истовремено отфрлајќи го пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и барањето на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина.

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

И покрај се’ и после се’, СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, и Договор за положбата и основните права на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија, на реципроцитетна основа.

СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Косово, и Договор за положбата и основните права на Албанците во Македонија и на Македонците во Косово, на реципроцитетна основа.

Како израз на добра волја за добрососедство, наспроти наци-фашистичката креација и геноцидната проекција “Голема Албанија“, СМК иницира, Советот за безбедност на Обединетите Нации да им препорача на Албанија и на Косово во своите устави да вградат одредба дека Албанија и Косово немаат територијални претензии кон соседните држави, како што тоа го стори Македонија во својот Устав во 1992 година!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.