|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЕРЛИН ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА, СО ПОДДРШКА НА ДВИЖЕЊЕТО “ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ |
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА, СО ПОДДРШКА НА ДВИЖЕЊЕТО “ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ 18 март 2017 година, Берлин, СР Германија - Денес пред Бранденбуршката порта во центарот на Берлин, Македонците во Берлин и Сверна Германија организираа Семакедонски собир за унитарна Македонија и за поддршка на движењето “За заедничка Македонија“ во Републиката. Неколку стотини Македонци изразија силна поддршка на унитарноста и државноста на Македонија. Присутните ги поздрави претседателот на Светскиит Македонски Конгрес Тодор Петров. Поетот Стојан Георгиев Тане ја рецитираше стихотворбата "Македонско сонце" од неговата стихозбирка "Шепотот на љубовта". До протестот пристигна Манифестот за Македонија од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Манифестот што го прочита Стојко Давитковски. Од Семакедонскиот протест беше упатена Декларација за унитарна Македонија. Декларацијата на македонски јазик ја прочита Јасмина Мицевска, а на германски јазик Тамара Фишер, кои беа водителка на протестот. Собирот заврши со цитат на големиот поет Петре Андреевски: "Слободата е нашата прва икона и затоа не испуштајќи ја од своите раце и од својата љубов. Слободата се освојува секој ден. Само така ќе ја видиме Македонија обединета. Нашето знаме е сонцето, сонцето е најстариот оган на кој се грееме." Да живее Македонија и Германија! Да живее Македонскиот и Гермснскиот народ! Семакедонскиот протест продолжи со македонски народни песни! Семакедонскиот собир ја осуди “Тиранската платформа“ за федерализација и двојазична Македонија! Семакедонскиот собир даде целосна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Германија ја отфрлаат “тиранската платформа“ за федерализација на Македонија и двојазичност на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Македонците во Германија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Германија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! Македонците во Германија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и натаму треба да остане еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи! Македонците во Германија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Германија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност! Македонците во Германика бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата вр Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае! Македонците во Германија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната! Македонците во Германија бараат попис на населението! Македонците во Германија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација! Македонците во Германија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Германија го поддржуваат движењето “За заедничка Македонија“ во татковината!
|