|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА! |
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЈУЖНА ГЕРМАНИЈА 20 март 2017 година, Штутгарт, СР Германија - Македонците во Јужна Германија вчера во Штутгарт одржаа Семакедонски собир за унитарна и заедничка Македонија. Органзиатори беа организацијата “Македонска дијаспора“ од Штутгарт, Фудбалскиот клуб “Македонија“ од Штутгарт и Македонската православна црковна општина “Светите Кирил и Методиј“ од Штутгарт. Семакедонскиот собир ја осуди “Тиранската платформа“ за бинационална и двојазична Македонија и побара македонскиот јазик да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! Семакедонскиот собир даде целосна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Обраќање до Европската Унија и до Сојузна Република Германија пред Семакедонскиот собир упати Ацо Крстески. - Ние, Македонците во Европа, се приклучуваме на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваме унитарноста на Македонија и непроменливоста на Уставот. Неприфатлива е т.н. “тиранска платформа“ да стане услов за формирање на Влада во Македонија. Ние Македонците од Европа во Германија, ја отфрламе во целост и се спротивставуваме на редефинирање, кантонизација, федерализација, промена на име, знаме и химна на Македонија, - рече Ацо Крстески. Пред Семакедонскиот собир обраќање имаше и Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес, кој повика на семакедонско помирување и обединување за одбрана на унитарноста и државноста, името на државата и идентитетот на нацијата. На Семакедонскиот собир беше прочитана Декларација за унитарна Македонија којашто е упатена до Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, како и до властите во Сојузна Република Германија и Македонија. (1) Македонците во Германија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата! (2) Македонците во Германија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! (3) Македонците во Германија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи! (4) Македонците во Германија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата! (5) Македонците во Германија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност! (6) Македонците во Германија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата вр Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае! (7) Македонците во Германија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната! (8) Македонците во Германија бараат попис на населението! (9) Македонците во Германија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација! (10) Македонците во Германија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! (11) Македонците во Германија го поддржуваат движењето “За заедничка Македонија“ во татковината! Семакедонскиот собир во Штутгарт заврши со македонски народни песни и ора. |