Среда, 22 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
ЗА ПОЖАРАНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

kniga-i-peroКако Пожаранец, неможам да останам рамнодушен а да не изразам негодување на натписот објавен  во еден од скопските весници, во кој наводно познат карикатурист, кој откако ќе направи „дар-мар“ во својата сопствена меморија , ќе изрази вчудоневиденост од  постоењето на село Пожаране  а потоа и  јавно ќе запраша- „дали можеби во ова село има и универзитет“ ? Повод, временската провноза за Полог која преку една телевизиска куќа ја соопштува метеролошката станица лоцирана  во селото.

Да не си го видел и посетил ова село воопшто  не е за чудење, но да не си слушнал за Пожаране значи да не ја познаваш сопствената родна земја во која живееш, односно да немаш врска со самиот себе и со се она што се случува околу тебе, посебно кога тоа јавно ќе го изустат „видни и нашироко познати“ граѓани од типот на погоре наведениот.

Пожаране постои од памтивек ,  надалеку познато и во песни опеано родното село на Благуња-Пожаранката. Се наоѓа во северо-западниот дел на Македонија, длабоко сместено во живописните предели на „Шар Планина“. До него води убав асвалтен пат, кој го поврзува ова село со општините Врапчиште, Гостивар и пошироко.

Она што му дава посебно обележје на ова село е повеќе киломераскиот  долг канал на „Шарски Води“, до неодамна одржуваните „Мајски Пожарански средби“ посетувани од гости и естрадни уметници не само од нашата земја туку и од поранешните ЈУ-простори, базни станици и предаватели на повеќе мобилни компании,  се за потребите на населението и населените места во Полошката котлина.
   
Во селото сигурно нема да забележите и најдете некаква високошколска установа-универзитет, но ќе запознаете гостопримливи и ведри жители од кои навистина има што да се слушне и разбере за историјата на ова место.. И токму во пребарувањето низ историјата, ќе се дојде до сигурен податок  дека село Пожаране, кое некогаш броело и илјада жители, од ослободувањето па се до денес има добиено односно дадено над осумдесетина свои просветни работници, бројка која ни од далеку не е за потценување и која дава теоретска можност во ова село да се отвори и проработи не еден туку неколку универзитети по принципот како што тоа се правело но и сега се прави во престолнината и други градови низ Државата.

Во основа, уште од времето на пештерскиот човек па се до денешни дни кој ќе стигнел цртал  и сеуште црта разноразни карикатури и графити со секаква содржина многу од нив слични на творбите од посочениот господин, за кое нешто не било потребно поседување на некакво образование, но да се стане и биде просветител потребно е многу труд и залагање, потреби се години и години на просветна едукација поминати  низ просветно-образовниот систем на општеството.

Токму ова нешто ми дава за право од името на сите Пожаранци и од свое лично име, да изнесам една многу малку позната но сепак реална вистина за ова село – вистината за Пожаранските просветители.

За таа цел,  со помош на уште еден Пожаранец-мој драг пријател , направивме едно скромно истражување на оваа тема, при што дојдовме до следните податоци:
-Уште во далечната 1960 година а и пред тоа, кога Пожаране територијално потпаѓало под општина Врапчиште на тогашната Тетовска околија, во ова село постоело основно училиште до шесто одделение, со над стотина ученици и потребен број просветни работници , било да се тоа мештани од село или тука распоредени за работа од другите делови во Државата. Желбата за учење со крајна леснотија ја совладувала и најголемата препрека во таа намера: без оглед на годишното доба, во услови на длабог снег, силни и поројни пролетни и есенски дождови и ветрови, како и високи летни горештини, учениците од ова село, катадневно и пеш поминувале пат од петанесетина километри  за да стигнат до своите школски клупи, а потоа своето школување го продолжат во средните училишта во Гостивар и високошколските установи во Скопје и пошироко. И токму во времето на својата полнолетност и исполнетост со елан за работа, докажувања и просперитет, некои од нив ќе станат инженери, други лекари, правници, економисти, но повеќето од нив вистински и авторитетни  просветни работници , голема гордост за ова Подшарпланинско село.

Но нивната просветителска работа тука не запира туку напротив продолжува со уште поголемо темпо. Сите тие ќе се вклучат во просветно образовниот систем, од одделенски наставници до професори по средни учлилишта и универзитети, при што сето свое знаење ќе се обидат со несебичност и пожртвуваност, да го пренесат врз идните млади генерации меѓу кои припаѓам и јас –авторот на овој текст.
Денес, кога зборуваме и се присетуваме на нив, неможеме а да не ги спомнеме поименично , без оглед на тоа дали се сеуште активни во образовниот процес, или можеби се на заслужен пензионерски одмор. Секако, во нашето скромно истражување, нема да ги заборавиме и оние кои нажалост повеќе не се меѓу нас, но кои зад себе оставиле свои потомци исто така нашироко ценети просветни работници.

-Во таа смисла, првите зачетоци на просветителската дејност во ова село тесно се поврзува со работата и имињата на тогашните свештеници: Петровиќ Захарије и Поповиќ Ефто.

 Во поновата историја на село Пожаране, посебно место во оваа дејност со право и се придава на универзитетскиот професор Крстески Игно и неговите следбеници- исто така универзитетски професори: Петрески: Бранко, Тодор, Радe, Благуња, Виолета и Елена, Спироска Лидија, Николоска Димка,  , Фејзи Милаим,  како и  универзитетските професори од европски ранг: академик Синиша Станковиќ -истакнатиот еколог и лимнолог , основач на Хидробиолошкиот завод и браќата Давидовиќ-од кои Никола се јавува како оснивач на Факултетот по туризам и угостителство во Охрид.


Покрај нив, во плејадата на Пожарански просветители се проткајуваат имињата и на многу други и други просветни лица од ова село како што се:

-Коцески: Перо, Олгица, Душко, Радмила, Коце;
-Спироска Смиља и Снежана;
-Антески Мито и Весела; 
-Попоски: Душко, Загорка, Васка,  Душка;
-Бошкоски: Кристина и Јоцо;
-Војноски: Живко, Горица,Солунка,Бети,Оливера и Тони;
-Филипоски Даци,
-Ѓорѓиоски: Ѓоко, Смиља, Ѓорѓе;
-Аврамоски Моме;
-Томески Тодор и Томеска Силвана
-Стефаноска Марија,
-Ристоска Бојана,
-Јованоски Сретко и Андријана,
-Исмаили: Џемо и Шефик;
-Лазарески Војо,
-Алексоски: Деспот, Марјан, Виолета, Емилија;
-Велјаноскa  Слободанка,
-Авмети Ахмет, 
-Ристески: Крсте, Ката, Валентина, Лидија, Марина;
-Нестороски: Трајко, Васка, Весна, Јасмина;
-Тофилоски: Заке, Бранкица, Светлана, Слободан, Данче, Стојна, Сејдо, 
  Натка, Љубица, Загорка;       
-Петрески Милисав, Софија, Предраг, Анѓа;
-Миноски:Ефре, Виолета, Весна, Сашка;
-Блажески Живко и Вера.
-Јанкоска Дафина
-Андрееска Славица
-Миноска Драгана
-Шефкет Исмаили
-Наташа Коцеска
-Велјаноски Ефто

Во оваа пригода, неможеме а да не ги споменеме и имињата на лица кои по потекло не се Пожарнаци, но кои со својата долгогодишна работа потпомогнале односно дале огромен допринос во развојот на научно-просветната дејност во ова место:
-Јозо-оснивач на првиот тамбурашки оркстар „Пожаране“,
-Далматинецот Ламбро,
-Васко од Босилевград,
-Вера Милческа од Берово,
-Исоја и Ленче Попоски од село Битуше,
-Цане од Скопје,
-Нада Мирческа од Скопје,
-Диме Ристески од село Зубовце, 
-Касам од Гостивар,
-Емрула од село Врањовце, 
- мојот најдраг учител- Милан Ефтоски од село Галате..

Совеста ми налага тука, посебно и засебно да го споменам  името и на  Нестороски Чеде-Пжаранец кој сега е во поодминати години и кој целиот свој работен век  го посветил на учениците и училиштето од село Пожаране.
 
Иако денес од ова село,  помладата генерација скоро целосно е исселена и селското училиште од поодамна затворено, сепак просветителската работа на поголем дел од овие работници ќе продолжи во другите средини, а село Пожаране и понатака гордо и вечно ќе живее со своите спомени и со вистината  ЗА ПОЖАРАНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ.....
 ___________________

 - Голема благодарност до сите оние кој што помогнаа во реализација на овој проект 
- Боге Војноски-автор на текстот

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.