|
||||
Маршалов план = Меркелов план? Зошто да не??? |
Германија и ЕУ во целина последниве години, барем така се чини, конечно сватија дека таму некаде - на југоисточниот дел од единствениот ни наш континент, постои регион што погрдно го нарекуваат Западен Балкан. Со децении игнориран и занемарен, во овој регион на којшто од време на време ќе му потфрлеја трошки како на некое егзотично суштество - за да не угине, состојбите достигнаа до точка на вриење после која не може да се предвиди кога и каде работите можат да избегаат од контрола. И на сето тоа Германија и ЕУ гледаа некако философски - од дистанца, не водејки сметка ниту пак извлекоа поуки од минатото, дека ПРОБЛЕМИТЕ НА БАЛКАНОТ ИСТИОТ МИГ ПОСТАНУВААТ ПРОБЛЕМИ НА ЕУ! Но што беше причината за ваквиот однос на Германија и ЕУ? Можеби по инерција од надмената па дури донекаде и расистичка "Геншерова доктрина" дека се што се наоѓа јужно од реките Сава и Дунав е "сива зона", а остатокот на континентот е цивилизирана и високопросперитетна Европа!? Германците како да сватија последниве години во каква тешка политичка заблуда се и го промовираа ткн. Берлински процес. Беа одвоени една милијарда евра за развојни проекти во Западниот Балкан. Но, пак се наметнува прашањето за објективните проценки за реалните потреби на овој регион. Имено, за санирање на должничката криза во Грција Германија и ЕУ одвоија 350 (триста и педесет) милијарди Евра, а за дури шест земји што го сочинуваат регионот Западен Балкан, само една милијарда евра!? Се разбира, право е на Германија (ЕУ) со своите пари да располага како што цени дека е најдобро, но сепак неизбежен е впечатокот дека кога е во прашање нашиот регион клучен критериум е гореспоменатата метафора за егзотичните суштества. Ангела Меркел деновиве не доби подршка од Доналд Трамп за нејзиното настојување за поголем американски ангажман на Балканот. Човекот едноставно не може глава да крене од аферите со прислушкувањата кај него дома, во САД, и пропагандноинформативната војна што му ја провоцира против него белосветскиот берзантски хохштаплер Џорџ Сорос. Во вакво комплицирано меѓународно политичко миље, кога станува збор за Западниот Балкан, а во недостаток на посвежи идеи, ке се обидеме да и помогнеме на сојузната канцеларка Меркел со една многу конструктивна и за нејзе корисна идеја токму од југот на Балканот: по урнекот на "Маршаловиот план" за економски опоравок на од војната опустошената Германија по Втората светска војна, лансирање на "Меркелов план" со кој: со формирање на еден посериозен фонд сретства би се финансирале широка лепеза развојни проекти во регионот. И тоа проекти што би биле од развоен бенефит за сите во регионот, а не како на пример: автопатот Ниш - Приштина - Тирана!? Што е смисалата на еден ваков проект? Зошто самите германци ги игнорираат заложбите на најголемиот стратег што воопшто го дала Германија Ото фон Бизмарк, којшто твердеше дека долините Морава-Вардар се најоптимално (сообраќајно) поврзување за целиот регион? Впрочем, дали и со овој проект сегашната влада во Берлин продолжува да ја игнорира и заобиколува Македонија на сметка на отворената и сепоагресивна подршка на сеалбанското поврзување? Патем, средствата од можниот "Меркелов план" не мора да се неповратни донации, туку кредити со симболични камати. Со еден збор, германците не би требало да се плашат дека парите ке им одат бесповратно. Зачудува и понатаму игнорантскиот однос на Германија кон Република Македонија! Се поставува прашањето з о ш т о? Дали моќната Германија се става во улога на зачувувањето на некаквото status quo што нам соседните земји - нејзини поданички, го стекнаа до 1990 година, т.е. до нашето осамостојување како држава (демек се што присвоиле соседите од нас македонците во минатото - култура, историја... да си остане нивно, за да немаме ние денес во слободна Македонија легитимно право на повраток? При тоа се разбира не ни помислувам на територии, за да не ми се препише некаков иредентизам). Несватливо е, исто така жртвувањето на христијанска Македонија од страна на владата на г-ѓа Меркел за некои големи муслимански концепти. Ангела Меркел е керка на христијански (протестантски) свештеник и природно е да се подразбира дека и од неа самата би требало да зрачи христијанска љубов и разбирање за браќата и сестри христијани во Македонија кои се соочуваат со невидена агресија од исламот, што е најстрашно, агресија подржана од таканаречениот Запад, вклучувајки ја и Германија. Да ја потсетиме почитуваната Канцеларка дека првата христијанка во Европа, според Библијата, е м а к е д о н к а т а Лидија! Проектот "Меркелов план", доколку наиде на плодно тло во Берлин, може да биде идеално решение за сите нас: за сите шест земји во регионот, за ЕУ (да си ги минимизира главоболките што доаѓаат од Западниот Балкан, но пред се за Македонија, која се чини е последен остаток на листата од "Геншеровата доктрина". Да се надеваме дека ова размислување ке дојде на масата на Канцеларката Меркел и дека таа и нејзината влада барем малку ке медитираат на презентираната тема од чија реализација полза би имале сите, а таа (Меркел) ке биде запамтена како синоним за добротвор кон Западниот Балкан, слично на Џорџ Маршал творецот на "Maршаловиот план" кој како Феникс повторно ја препороди до пепел разурнатата од војната Германија. Автор: Ѓорѓи Поповски |