Среда, 22 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР во Тринген, Швајцарија ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА 25 МАРТ

svedskaМАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА 25 МАРТ

22 март 2017 година, Тринген, Швајцарија

- Во организација на македонските православни црковни општини во Тринген, Лозана и Лукарно во Швајцарија, ќе се одржи Семакедонски собир на 25 март 2017 година, сабота, со почеток во 18.30 часот.

Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична Македонија и ќе побара македонскиот јазик да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Семакедонскиот собир ќе даде целосна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците од Швајцарија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста на Македонија и непроменливоста на Уставот. За Македонците во Швајцарија неприфатлива е таканаречената “тиранска платформа“, како услов за формирање на Влада во Македонија.

Македонците од Швајцарија ја отфрлаат во целост и се спротивставуваат на редефинирање, кантонизација, федерализација, промена на име, знаме и химна на Македонија.

На Семакедонскиот собир ќе се прочита Декларација за унитарна Македонија којашто ќе биде упатена до Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија како и до властите во Швајцарија и Македонија.

Текстот на Декларацијата гласи: (1) Македонците од Швајцарија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

(2) Македонците од Швајцарија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(3) Македонците од Швајцарија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(4) Македонците од Швајцарија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата!

(5) Македонците од Швајцарија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

(6) Македонците од Швајцарија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка-Република-како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае!

(7) Македонците од Швајцарија ја отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната!

(8) Македонците од Швајцарија бараат попис на населението!

(9) Македонците од Швајцарија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

(10) Македонците од Швајцарија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

(11) Македонците од Швајцарија го поддржуваат движењето “За Заедничка Македонија“ во татковината!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.