Четврток, 23 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш, ќе ги почитуваат Уставот, законите и парламентарната пракса
alt

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да повикува на конструктивнос

Пратениците на СДСМ немаат апсолутно никакво право да говорат и да обвинуваат за кочење и блокирање на парламентарни процедури во Собранието на Република Македонија, бидејќи цела македонска јавност знае што и како СДСМ изминативе години правеше во Собранието на Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

„Крајно лицемерно и смешно е токму пратениците од СДСМ да повикуваат на конструктивност и почитување на правила, принципи и Деловник за работа на Собранието на Република Македонија. Граѓаните знаат дека СДСМ и нејзините пратеници во многу наврати досега оневозможуваа нормално функционирање на Собранието, се обидуваа да блокираат донесување на голем број на позитивни законски решенија, поднесуваа илјадници неаргументирани и смешни амандмани, навредуваа, уништуваа собраниски инвентар, бојкотираа, не доаѓаа на работа и уште многу други недолични и несвојствени работи за една пратеничка група“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од нив, како што се додава, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш, ќе ги почитуваат Уставот, законите и парламентарната пракса, но ќе се борат и ќе се спротивстават на, како што велат, „измамата која СДСМ ја направи со прифаќањето на тиранската платформа и во ниту еден случај нема да престанеме да се бориме за заштита на државните и националните интереси на Република Македонија“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, најдобро за Република Македонија, за нејзините граѓани и за нејзината иднина ќе биде СДСМ и нејзините пратеници да ја разберат пораката на граѓаните од последните избори и да си ја прифатат улогата на губитник на изборите без разлика колку и да им е убаво кога од ДУИ им велат дека се победници.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.