|
||||
Македонците во Италија се единствени во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ИТАЛИЈА СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА НА 27 МАРТ ВО NEIVE 24 март 2017 година, Рим, Италија - На 27 март 2017 година, на Via Circonvallazione 12, 12052 Neive, со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Семакедонски собир за поддршка на унитарноста на Македонија. Присутните ќе изразат поддршка на движењето “За заедничка Македонија“, ќе ја поддржат унитарноста на државата и македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи и ќе ја отфрлат двијазичноста и федерализацијата на Македонија. Македонците во Италија се единствени во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата и бараат безусловен крај на разговорите за разликата по државното име со Владата во Атина! Семакедонскиот собир ќе се одржи во кампот спорти Македонската Црква во Неиве (Circolo Rosa Neive - Area Camper). Организаторите повикуваат на масовно присуство. |