|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕТРОИТ ОДЛУЧНО ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО И ПРОТИВ “ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА“! |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО МИЧИГЕН МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕТРОИТ ОДЛУЧНО ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО И ПРОТИВ “ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА“! 27 март 2017 година, Детроит, Мичиген, САД - Македонската заедница во Мичиген викендов одржа Семакедонски мирен собир во Детроит со поддршка за движењето “За заедничка Македонија“, а против таканречената “тиранска платформа“. Македонците во Детроит кажаа “НЕ, на Тиранската платформа“, “НЕ, на разнебитена Македонија“, “НЕ, на менување на знамето, химната, државниот грб и Уставот, “НЕ, на растурањето и уништувањето на нашата татковина Македонија“, - се вели во декларацијата од Семакедонскиот мирен собир на Македонската заедница во Детроит. Со силна поддршка и со јасен став Македонците во Мичиген, САД, отфрлаат редефинирање на татковината Македонија. Македонците од Мичиген упатија порака до сите релевантни фактори, како и до сите политички партии да внимаваат за чекорите што ги преземаат за решавање на иднината на Македонија, бидејќи тоа е иднината на македонските поколенија и сите идни генерации кои ќе живеат и опстојуваат на оваа света земја. - Македонија ја сакаме мултикултурна и мултиетничка, онаква како што и секогаш била, но никако по урнек на Тирана и Приштина како дел од “Голема Албанија“ - се вели во декларацијата на Македонската заедница во Мичиген од Детроит. |