|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЊУ ЏЕРСИ ЈА ОТФРЛИЈА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА “ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“! |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЊУ ЏЕРСИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЊУ ЏЕРСИ ЈА ОТФРЛИЈА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА “ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“! 27 март 2017 година, Сидер Гроув, Њу Џерси, САД - Македонската заедница во Њу Џерси, Њујорк и Пенсилванија, викендов одржа Семакедонски мирен собир во Сидер Гроув, на којшто ја отфрлија големоалбанската “тиранска платформа“! Во организација на Движењето за македонски човекови права од Њу Џерси и Њу Јорк викендов во Њу Џерси беше одржан Семакедонски собир на кој беше изразена безрезервна поддршка за движењето “За заедничка Македонија“. Македонците од Њу Џерси, Њујорк и Пенсилванија сметаат дека големоалбанската тиранска платформа има за цел разнебитување на унитарноста на нивната татковина Македонија. - Испраќаме недвосмилена и одлучна порака на оние што сакаат да ги уништат македонската унитарност, име, јазик, нација, историја, култура, црква и се’ што е македонско, - беше порачано на собирот. |