|
||||
Подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ од Виндзор, Канада |
Македонците од Македонската православна црква “Свети Никола” од Виндзор, Канада како нераскинлив дел од Македонскиот народ иако одалечени од својата татковина ја изразуваат својата загриженост за настанатата политичка и институционална криза во Македонија и во потполност ја подржуваат иницијативата за зачувување на унитарниот и суверен карактер на нашата држава. Тие остро ја осудуваат таканаречената “Тиранска платформа”. Благочестивите македонски христијани од овој град се спротиставуваат на секоја промена на националните симболи и на било каква промената на името на државата. За нив воведувањето на двојазичност во целата држава и прогласувањето на Македонија за дво-национална држава значи потполно загрозување на Македонскиот национален интегритет. Македонците од овој дел на Канада го отфрлаат во целост секое редефинирање, кантонизација или федерелизација на државата. Тие ги почитуваат Албанците и сакаат соживот со нив во мир и слога, но воедно ги потсетуваат дека Македонија е пред се држава на државотворниот Македонскиот народ и на сите народности што живеат во неа. Членовите на оваа црковна заедница повикуваат на мир и стабилност во земјата, национално единство, меѓусебна доверба и толеранција. Од присутните членови на годишното членско собрание. |