Среда, 29 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Ние Македонците ќе ја браниме Македонија од надворешните и внатрешните закани

mze2

Македонска Заедница во Европа

Март 2017 година, Берлин, СР Германија

Декларација

Македонската заедница во Европа ги поздравува и ги охрабрува Македонците и другите граѓани од сите политички партии, што застанаа заедно во одбрана на Македонија, осудувајќи и одбивајќи го пост-изборниот документ, таканаречената Тиранска платформа.

Рано-декемвриските избори минатата година беа реализирани после Пржинскиот договор во случај на итни приоритети во реформите. Македонците и другите граѓани не гласаат за странски платформи.

Тиранската платформа е пост-изборен документ креиран и потпишан во канцеларијата на албанскиот премиер, и како таков претставува опасност за сувереноста и независноста на македонската држава, доведувајќи ја во позиција на покорување или зависност од друга држава.

mze1

Содржината на платформата е изведена од Охридскиот договор и редизвикува загрозување на унитарноста со предложената измена на уставот во сите елементи на државата.

Платформата е алатка со која се цели кон креирање на голема албанија, на штета на македонскиот територијален интегритет.

Со оваа пост-изборна Тиранска платформа, Република Македонија е уценета и нејзиниот интегритет, сувереност и независност се под голема закана.

Платформата е превентивен алат за изборни резултати каде албанците ќе бидат под 20%, во ризик да ги изгубат централните права.

Потсетуваме дека членовите на парламентот и партиите коишто потпишаа за парламентарно мнозинство, или на број 67, не го признаваат претседателот Н.Е. Д-р Ѓорѓе Иванов како легитимен претседател.

Одбивањето на претседателот, Н.Е. Д-р Ѓорѓе Иванов, да го предаде мандатот за формирање на влада на Зоран Заев, и покрај притисокот од западот и мешањето во внатрешните работи на државата, е сигнал дека македонските

политичари конечно делуваат за македонските национални интереси.

Го охрабруваме претседателот, Н.Е. Д-р Ѓорѓе Иванов, до го искористи своето уставно право споредчлен 84, став 1, и да не го дава мандатот на ниту еден кандидат кој преговара за платформи на други држави коишто го уценуваат македонскиот народ, го загрозуваат интегритетот на државата, нејзината сувереност и независност.

Ги охрабруваме институциите во Македонија да ги одбијат сите странски мешања во внатрешните работи на државата.

Ја охрабруваме меѓународната заедница да јасно и јавно ја осуди тиранската платформа која е бескрупулозно мешање во внатрешните работи, и редефиниција на унитарниот карактер на Македонија.

Доколку меѓународната заедница не ја осуди тиранската платформа, тоа ќе охрабри и други земји да креираат свои платформи против интересите на Македонија.

Овој преседан со странски платформи ќе биде искористен од други центри на моќ, за да промовираат заштита за нивните малцинства во други држави. Не постои случај во Европа каде што странска држава креира платформа која ќе биде услов за формирање на влада во друга држава.

Тензиите во Македонија можат да бидат намалени само преку спроведување на попис и нови избори, за да се утврдат фактите.

Сите заедници во Македонија мора да бараат решенија преку дебати во македонскиот парламент, според уставниот закон, и рамковниот договор.

Тиранската платформа мора да биде отфрлена од оние кои ја креирале и потпишале.

Ние сме гласот, и нема да ја толерираме тишината.

Ние Македонците ќе ја браниме Македонија од надворешните и внатрешните закани.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.