Среда, 29 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ШЕСТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube е поставена шестата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Шестата епизода е посветена на античкиот историчар Апијан (Appian). Тој потекнувал од Александрија. Се родил околу 95 година. Околу 120 год. заминал за Рим, каде учел за адвокат.  Тој е автор на неколку исто­риски дела, од кои единствено делото „Историја на Рим“ („Романика“) е во целост зачувано. Ова дело било напишано околу 165 година и истото е соста­вено од 24 книги.  Од останатите негови дела зачу­вани се само фрагменти. Едно од неговите неце­лосно зачувани дела била и книгата „Македонс­ките војни“. Од оваа книга зачувано е погла­вието под нас­лов „Илирските војни“. Во овој текст Апијан исто така јасно ги одвојува Македонците од Грците.

Така, на пример, пишувајќи за нападите на илирс­ките племиња во Македонија, Апијан оддел­но ги спомнува Македонците и Грците како народи. Во 82 фрагмент од својата книга, тој пишува:

Римјаните... им објавија војна на Илирите заради нивните ограбувања на храмовите и со тоа Римјаните ги вознемирија Грците и Македонците.“

И овде гледаме дека Апијан многу децидно ги спом­нува Македонците како посебен народ во однос на Грците, спомнувајќи ги во контекст на војната помеѓу Илирите и Римјаните.

Во поглавието „Сириските војни“ (2) од „Историја на Рим“, Апијан уште подецидно ги издвојува Маке­дон­­ците и Грците како два посебни народа. Пишу­вај­ќи за почетокот на непријателствата помеѓу Римја­ни­те и Антиох Трети (крал од македонската династија на Селевкидите кои останале да владеат со дел од Ази­­ја по смртта на Александар Велики), Апијан пишу­ва:

Овде почнале неговите (на Антиох Трети, з.м.) отворени недоразбирања со Римјаните затоа што како што одел кон грчките градови повеќето од нив му се приклонувале и  ја примале неговата војска бидејќи се пла­шеле дека ќе бидат окупирани. Но жителите на Смирна и Лампсак, како и некои други што се спротив­ставиле, испратиле свои амбаса­дори кај Фламиниј, римс­ки генерал што претходно го порази Филип Петти Македонски во голема битка во Тесалија. Работите меѓу Македонците и Грците биле тесно поврзани во одделни времиња и мес­та, како што прикажав во мојата ,Грчка историја’“.

Овде нема да навлегуваме во детаљно објасну­вање на сложените политички процеси од тоа време (кога Антиох тргнал да ги покорува грчките градови, но некои од нив побарале помош од Римјаните), туку ќе се задржиме на темата на нашиов интерес, која уште еднаш овде е децидно потврдена преку јасното издвојување на Маке­донците и Грците како два посебни народа.

Во своето дело „Сириските војни“ (52) Апијан за Македонците дури пишува дека биле посебна „раса“ (без оглед на тоа какво значење имал овој збор значел во антиката). Опишувајќи ги настаните по смртта на Алек­сандар Велики Маке­донски, Апијан пишува:

Во оваа книга посветена на сириската исто­рија јас раскажав како Римјаните дојдоа во посед на Сирија и како ја доведоа до состојбата во која денес се наоѓа. Не е лошо да кажеме  нешто и за тоа како Македонците, кои владееја со Сирија пред Римја­ните, ја освоија истаа оваа земја.

По Персијанците, Александар Велики стана вла­де­тел на Сирија, како и над народите што таму ги затекнал. Но, тој умрел, оставајќи еден  мал син и еден сѐ уште нероден. Македонците кои биле лојални на раса­та на Филип, го избрале Аридеј, братот на Александар за крал заради малолет­носта на синовите на Алек­сандар...“

Во истото дело (58) Апијан пишува за дејноста на  Селевк (македонски генерал, а подоцна крал на дел од отцепената империја на Александар) во основањето гра­дови. И во оваа прилика Апијан сосема јасно ги издвојува Македонија од Грција. Тој дури пишува и дека Маке­донците и Грците имале посебна топонимија на своите градови со која Селевк се служел во именувањето на новооснованите градови. Овде читаме:

Тој изградил градови во сите свои области и шеснаесет од нив ги нарекол Антиох во чест на својот татко; пет Лаодика во чест на својата мајка; девет ги именувал со своето име, а четири според имињата на своите сопруги: три Апама и еден Стратоника... На оста­натите тој им стави имиња од Грција и од Македонија или во чест на своите подвизи или во чест на Александар. Заради тоа во Сирија и среде барбарс­ките области во горна Азија, многу градови носат грчки и маке­донски имиња.“

Јасното издвојување на грчките од македонските имиња (топонимија)  од страна на познатиот антички исто­ричар Апијан е уште еден удар против совреме­ната големогрчка пропаганда, која пишува за некакви „грчко-македонски“ имиња.

Во продолжение на истото дело (63) Апијан нуди еден многу интересен податок со кој се руши уште еден од темелите на современата грчка историо­гра­фија и пропа­ганда во врска со етничкото потекло на македонската царска династија Аргеади (од која потекнуваат Филип Втори и Александар Велики Македонски). Имено, среде јавноста во прилична мера е проширена информацијата дека припадниците на оваа династија потекнувале од местото Арг, кое се наоѓало на Пелопонез (што значи дека биле - „Грци“). Меѓутоа, Апијан пишува нешто сосема пои­наку. Во посочениот извадок од неговото дело, тој вели:

Постои Арг на Пелопонез, постои друг во Амфи­лохија и уште еден во Орестија (од каде што потек­нуваат македонските Аргеади), а еден има и на Јонското Море...“

Орестија е област од Македонија. Значи, според Апи­јан, и во Македонија постоел град со името Арг и оттаму потекнувала македонската династија Аргеади, а не од Арг на Пелопонез! Доколку некој забележи дека за потеклото на македонската династија од Арг на Пелопонез постојат антички сведоштва, ќе одговориме дека и сведоштвото на Апијан е античко сведоштво - ништо помалку вредно и релевантно од оние кои тврдат поинаку.                       

ИНТЕРЕСНО Е ТОА ШТО ДЕНЕС ГРЧКАТА И ПРОГРЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ГО КРИЈАТ ИЛИ ГО ИЗБЕГНУВААТ ОВА ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНО АБТИЧКО СВЕДОШТВО СПОРЕД КОЕ МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА НЕ ПОТЕКНУВАЛА ОД ПЕЛОПОНЕЗ, ТУКУ ОД МАКЕДОНИЈА!

Но, и на Пелопонез во дамнешните времиња кога биле оформени почетоците на македонската династија жи­веел негрчкиот народ Пелазги, за кои токму Херодот  пишува дека не можеле да се разбе­рат со Грците и дека војувале со нив. Оттаму, доколку Аргеадите и навистина потекнувале од Арг на Пелопонез (иако Апијан тврди дека потекнувале од Македонија), тоа воопшто не значи дека биле „Грци“. Посебно ако се знае дека нивните истакнати членови си зборувале на неразбирливиот за Грците, маке­донски јазик.

Да заклучиме дека и Апијан со своето дело се вклучува во плеадата антички автори кои ја потен­цирале етно-културната посебност на античките Македонци.

Шестата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=_d_aAFO4f8o

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

apijan
Биста со ликот на античкиот историчар Апијан

Александар Донски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.