Среда, 29 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА ВО АТИНА!

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

БАРАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЗА БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА ВО АТИНА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) барањата на Европската Комисија за формирање на Влада со закани за санкции, ги смета за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија спротивно на меѓународното право за еднаква сувереност што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот и почитување на нивниот територијален интегритет. Македонија не е ниту меѓународен протекторат, ниту територија на Брисел и Стразбур!

СМК од претседателот на Република Македонија бара веднаш и безусловно да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации дека Македонија се заблагодарува на асистенцијата на специјалниот пратеник Метју Нимиц за разговорите за разликата за името со Владата во Атина и нив ги смета за завршени!

Истовремено, имајќи предвид дека секој обид за дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија започнува и завршува со рекомпонирање на власта и редефинирање на државноста заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, СМК бара претседателот на Република Македонија да поднесе предлог Резолуција до есенското заседание на Генералното Собрание, дека Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на Англиски јазик "Republic of Macedonia" со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 и геноцидот врз Македонскиот народ кој се' уште трае.

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Бугарија и Грција, бугарскиот и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичките барања на Грција за промена на името на државата Македонија и на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина.

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК смета дека Македонија треба да гради политики на неутрална држава надвор од воени сојузи и на активен мултилатерализам - од пријатели никогаш доста, што подазбира, Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси: името на државата, идентитетот на нацијата, богата, силна и безбедна држава, и здрави, богати, среќни и достојни Македонци!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.