|
||||
Ќе гледаме како нè продаваат и предаваат или ќе ја ослободиме Македонија? |
Дамјан Овчеполски Со кое право се нарекуваме Македонци? Не ги вадете кубурите веднаш, прочитајте го текстов. Дали тоа што во 1991 година без насилство и крв добивме држава е доволно за да се нарекуваме Македонци? Дали тоа што дозволивме да ни ги сменат знамето и името не прави Македонци? Или пак што дозволивме над глава да ни летаат авиони кои ги бомбардираа комшиите на север? Или тоа што ни таложат отровен, токсичен отпад? Дали сме Македонци затоа што дозволивме да исчезне средната класа и да се создаде малубројна каста со огромно богатство, а поголемиот дел од народот едвај да врзува крај со крај? Дали сме Македонци затоа што дозволивме да направат да изгубиме во терористичкиот напад врз нашата земја во почетокот на овој милениум? Или пак затоа што никој не кажа како загинаа Претседателот и неговиот екипаж? Ниту за окото на првиот Претседател и возачот кој загина? Дали сме Македонци затоа што се продадоа или дадоа под концесија рудници и многу земја? Или пак затоа што се продадоа големите државни фирми? Можеби сме ептен Македонци затоа што имаме кредити кај големите светски „моќници“? Сигурно некои сметаат дека се големи Македонци само затоа што се согласуваат со двата столба на лагата – политичките партии? Или пак сме модерни Македонци оти таков бил пазарот – „слободен“, а времето – „модерно“, па дозволуваме увоз на разно разни продукти додека нашите скапуваат? Дали Македонштината направи да дојдат странски поробувачи маскирани како „инвеститори“? Дали сме Македонци затоа што дозволивме во Собранието да се говори и на друг јазик, освен Македонскиот? Или пак, оти дозволивме истото тоа Собрание да се позлати и посребри, ко таму да работат полубогови, а не народни избраници!? Дали сме големи Македонци затоа што дозволивме од наши народни пари да се создаде толку тешка администрација, што потребите за нејзино оддржување ни го кочат развојот и напредокот? Дали сме Македонци затоа што дозволивме народните институции да бидат водени од луѓе кои стигнале таму преку „факторот“ – политичка партија, или како што сакаат да го претстават – „секој со својата среќа“? Македонштина ли е тоа што не ни кажуваат кој го „слуша гласот на народот“ кога си разговараме на телефон преку интернет? Дали сме големи Македонци бидејќи дозволивме да ја донесат државата до ова дереџе? И едните, и другите, и третите и n-тите. Политиката е курва, болна курва. Си дозволивме несогласувања, поделби, разнебитување и што уште не, дали тоа не прави Македонци? На еден комита, тројца кодоши… Што направивме за луѓето кои го дадоа животот пред 16 години, а и за оние кои загинаа за татковината во годините по немилата „војна“, односно напад од НАТО и Косово? Дали нивните семејства се среќни, или можеби имаме монографии за овие јунаци, а за нивните деца иднината е обезбедена? Или пак поважни се тендерите? Ајде тие да земаат плата преку смс пораки, а народот да се лекува бесплатно? Дали имаме книги за сите тие ликови во бронза низ Скопје? Дали Македонија е само Скопје? Што направивме за оваа држава да издржи, во неа да владее ред и секој да го работи она за кое е способен и истото да биде соодветно платено и испочитувано, што направивме за да си го зачуваме културното наследство и природните ресурси? Што направивме за генерациите кои доаѓаат? За ваква ли Македонија се бореа бранителите, партизаните, комитите, лозарите, ајдутите, богомилите, фалангата? На секоја болест има и лек, на времето имаше вампирџии кои ги тепаа вампирите… Земјава е прекрасна – буквално ВОЛШЕБНА, ама државата и те како не чини! Вистина е дека политичарите се одраз на колективната свест на народот. Дали силата на игнорирањето е посилна од љубовта кон татковината? Никогаш не ни била! Да не дозволиме изродите да ја уништат надежта на народот, па тоа да се отслика и на нашиот род и идниот пород. Оваа држава – Македонија, ги има сите потребни услови за да биде држава во вистинска смисла на зборот, држава во која ќе се почитуваат основните човечки вредности, која ќе работи на својата самоиздржливост, Македонија со Македонци на кои ќе им се врати честа и достоинството! Оваа Македонска земја има истрпено многу изроди и предавници, а и многу лажни патриоти. Земјата Македонска заслужува почит и чесна работа, за да ни даде и повеќе од тоа кое ни го даваше до сега. Овој народ Македонски заслужува МИР и СПОКОЈ, а не болна курва – политика! Да се ослободиме, Македонци! Некаде длабоко во поробена Македонија www.loza.mk |