Среда, 29 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ!

ПРВ И ЕДИНСТВЕН УСЛОВ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И МИР ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ Е БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Македонија не пати од дефицит на демократија туку од суфицит на врховизам. Врховизмот е историски феномен, претставува сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. Во 20 век тие биле Белград, Софија и Атина, во 21 век тие се Брисел и Стразбур. Врховизмот не е етничко туку геополитичко прашање. Производ на врховизмот е анархизмот.

И после 100 години од окупацијата врз Македонија и геноцидот вез Македонскиот народ, се' е исто! Исти се актерите, исти се интересите, исти се извршителите... Впрочем, Македонија не ја поделиле во Балканските војни за да го решат, или некогаш да реинкарнира, туку конечно да го затворат македонското прашање.

Но, и покрај се' и после се' и покрај сите разлики меѓусебе, Македонија е единствен заеднички именител и единствен заеднички содржател на Македонците дома и во светот.

Прв и единствен услов за стабилизација и мир во Македонија и регионот е безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик Republika Makedonija, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се' уште траат!

Претседателот на Републиката има историска одговорност, веднаш да достави писмо до Генералниот секретар во кое се заблагодарува на мисијата на специјалниот пратеник Метју Нимиц во разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и го известува дека Македонија своето членство во Обединетите Нации го продолжува безусловно со државното име Македонија. Истовремено, претседателот на Републиката треба да достави резолуција до Есенското заседание на Генералното собрание во која се вели дека Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации под државното име Македонија! Одлуката на Генералното собрание на Обединетите Нации се носи со мнозинство од присутните за време на гласањето! На овој начин, се елиминираат сите обиди од било кого за дестабилизација и контролирана нестабилност на државата Македонија поради името и се создаваат услови за траен мир во Македонија и регионот!

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија не изврши сукцесија од поранешна СФР Југославија за да се фрли во прегратките на Србија, Бугарија, Грција и Албанија или во прегратките на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, надвор од било кој сојуз на држави!

Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата!

Во мултиполарниот свет, каде што американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам - од пријатели никогаш доста, врз пинципите на меѓународното право - еднаква сувереност, што подразбира заемно почитување, немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот, реципроцитет во билатералните односи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет!

Macedonia erga omnes!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.