|
||||
Треба да се разговара за третманот на Mакедонците во мнозинско албанските места, а не за двојазичнос |
Треба да се разговара за третманот на Mакедонците во мнозинско албанските места, а не за двојазичност и бинационалностМанојловскиПратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски, кој што доаѓа од Тетово на собраниската говорница посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се грижи за сите граѓани во Република Македонија. Манојлоски потсети дека токму Никола Груевски беше првиот кој што ги посети поплавените подрачја каде што живеат мнозинство Aлбанци и лично се среќаваше во домовите на оштетените со кои разговараше и ја понуди својата помош. Имено, Манојлоски посочи дека иако ВМРО-ДПМНЕ еднакво ги третира сите граѓани на Република Македонија, тој рече дека во Тетово македонците се крајно загрозени и немаат ниту најмалку услови за достоинствен живот. Тој запраша какви се правата што ги бараат Албанците кога во местата каде што тие се мнозинство крајно не се почитуваат правата на помалите по бројност заедници. |