Среда, 05 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Oд Торонто втора по ред масовна поддршка за „Заедничка Македонија“

Toronto-Sobir-2-april-2017-3

„Во овие историски моменти, кога опстанокот на нашата татковина е доведен во прашање заради грубо надворешно мешање во внатрешните работи во земјата, ние Македонците од Канада изразувајќи длабока загриженост за случувањата, го повикуваме македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата на единство, а политичките партии на разумно однесување заради заштита на унитарноста на државата“ – стои во декларацијата на македонската заедница од Канада испратена на 2 април од пред парламентот на Провинцијата Онтарио кој се наоѓа во срцето на   неколку милионскиот канадски град Торонто.

Пред насобраниот македонски народ обоен во боите на татковината најнапред беа инторинари македонската и канадската национална химна, по што следуваше обраќањето на Соња Павловска која во име на организаторот на протестот-Македонската заедница од Канада потсети на славното македонско минато, уште повеќе осврнувајќи се на последните случувања во Македонија.Протаставрофор Трајко Босеовски пред присутните ја пренесе загриженоста на Светиот Синод на Македонската православна црква-ОА во врска со актуелните случувања во Македонија.

Toronto-Sobir-2-april-2017-1

Декларацијата  од организаторот-Македонската Заедница во Канада ја прочита Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Канада Боби Темелков кој од говорницата порача: ,,Историските искуства укажуваат дека секогаш кога меѓународниот фактор бил замешан во решавање на македонското прашање, секогаш биле носени решенија на штета на Македонците, без да се почитува неговата воља. Сега кога во прашање е доведено името, идентитетот, унитарноста и сувереноста на македонската држава, ние Македонците од Канада како нераскинлив дел на македонскиот народ рече тој и додаде:  Укажуваме на следното: 

(1)   Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

(2)   Да се спречи секаков обид за федерализација и воведување фтор јазик како службен на целата територија на Македонија и во меѓународните односи!

(3)   Го повикуваме целиот демократски свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија!

(4)   Да се отфрла секаква размисла за промена на името, знамето, грбот и химната!

(5) Да се стави крај на разговорите за името меѓу Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под уставното име Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна дистинкција од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик!

(6)   Независно од историските хипотеки – окупацијата вo Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година, да се продолжи со развивање, надминување и зголемување на соработката со соседите за вителните интереси кои ги оптоваруваат народите на Балканот!

(7)   Да се изврши итен попис на населението!

(8)   Да се отфрли владина коалиција која што нема да ја почитува оваа Декларација!

(9)   Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Toronto-Sobir-2-april-2017-2

Декларација е испратена до: Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Канада, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, како и до властите во Македонија.

Истата на англиски јазик ја пренесе претседателот на студентската младинска организација на Македонците од Торонто Веле Тошевски, а свое обраќање имаше и Кристијан Роштанковски претседател на младинската организација од најголемата македонска православна црква од Торонто Св. Климент Охридски.

Пред насобраните Македонци кои во преддворјето на Онтарискиот парлемент на Квинс Парк скандираа: Македонија! Македонија!- се обратија и  претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада Мендо Бакаловски,а во име на Обединети Македонци исто така се произнесе и  Петре Медичков, додека пак своите пораки од  жените од ВМРО во говор преполн со патриотски пораки ги пренесе Ринка Синановска.

На македонскиот собир за поддршка на Заедничка Македонија и претседателот Ѓорѓе Иванов  присуствуваа и осведочените пријатели на македонската заедница во Канада и Република Македонија Исмаил Ватанер -претседател на канадско- турската асоцијација и Медилин Зинијак – претседавач на канадската етничка асоцијација на медиуми, која исто така е добар пријател и поддржувач на македонската заедница во Канада.Писмото упатено од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров исто така беше проследено со бурен аплауз од присутните.

Пред провинцискиот парламент се развеа и македонско оро кое го предводеа играорките од Ансамблот ,,Македонка,, , по што со развеани знамиња во рацете заиграа и присутните Македонци на собирот понесени од силните македонски татковински стихови преку кои јасно и гласно им порачаа на Македонците во светот и на меѓународната јавност дека македонско име нема да загине!

Од Торонто

Соња Лозановска - уредник на весникот „Македонија“

Фото Оливер Петковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.