Среда, 05 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е СЕДМАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

ЛИЧНО АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ ИЗЈАВУВАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ!

aleksandar-makedonski

Деновиве на Youtube е поставена седмата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Седмата епизода е посветена нацитати од  најпознатиот македонски цар Александар Трети Велики Македонски (356 - 323 год. пред Христа).       Денес се зачувани извадоци од негови арти­кулации (писма и говори) објавени од страна на старо­грчкиот историчар Аријан (за кого во продол­жение ќе пишуваме). Аријан, пак, ги превзел овие материјали од историското дело посветено на Александар, напишано од александ­ровиот генерал (а според некои извори и полубрат) Птолемеј. Ова историско дело денес е зачувано само во фрагменти пренесени од неколку други  антички исто­ричари. Но, да поминеме на фактите.

Аријан го пренесува говорот (преземен од загубеното дело на Птолемеј) што Александар Велики Македонски го одржал пред своите офицери кога тие, на барање од војниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и преморени посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, отпрвин никој од нив не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им се обратил со зборовите:

О Македонци и грчки сојузници забележувам дека кога би ве повел во нови потфати нема веќе да ме следите со стариот дух.. Ве повикав на состанок за да донесеме заедничка одлука: дали ќе продолжиме натаму како што посакувам јас или ќе се вратиме назад како што посакувате вие.

Ако имате какви било забелешки во врска со резултатите од вашите досегашни залагања или во врска со мене како ваш командант, нема што повеќе да се каже. Но, дозволете ми да ве потсетам. Преку ва­шата смелост и издржливост  вие станавте господари на: Јонија, Хелеспонт, Фригија, Кападокија, Пафлагонија, Лидија, Карија, Ликија, Памфилија, Феникија и Египет. Грчкиот дел од Либија сега е ваш, заедно со дел од Арабија, долна Сирија, Персија и Медија со сите тери­тории кои порано биле или не биле под нивна власт. Сето тоа сега е во ваши раце. Вие сега сте господари на земјите зад Касписките врати, зад Кавказ и Танаис, како и на Бактрија, Хирканија и Хирканиското Море. Ние ги избркавме Скитите назад во пустината, а реките Инд и Хидасп, Акесин и Хидраот сега течат низ земја ко­ја е наша. По сите овие достигнувања зошто се двоу­мите сега да ја проширите моќта на Македонија, т. е. вашата моќ кон Хифас и племи­њата што живеат од другата страна?“.

И понатаму:

Ако се вратите сега, таму ќе останат многу воинст­вени племиња непокорени помеѓу Хифас и источ­ниот океан... Ако се повлечеме сега постои опасност на територијата во која што сѐ уште не ни е зацврстена власта да биде поттикнат бунт од некој народ што сè уште не сме го покориле. Господа од Македонија и вие мои пријатели и сојузници, ова не смее да се случи.“

И понатаму:

О Македонци и грчки сојузници, останете цврсти!... Каква голема и благородна работа ќе оства­рев­ме ние, ако мислевме дека е доволно спокојно да живееме во  Македонија и само да си ги заштитуваме нашите домови, бранејќи се од обидите да бидеме пот­чинети од Тракијците на нашите граници, од Илирите и Трибалите или можеби од оние Грци кои сакаат да го загрозат нашиот конфор.“ (Arrian, Anabasis, Chap. XXV; Подвлекувањата се мои).

Во овој говор на Александар, зачуван од загубената историја на Птолемеј, недвосмислено се гледа дека самиот најпознат македонски цар правел јасна разлика помеѓу Македонците и Грците како два посебни народа. Тој овде не само што одвоено им се обраќа со "Македонци и грчки сојузници", туку и децидно објаснува дека Маке­донците во Македонија можеле да бидат загрозени од своите соседи: Илири, Тракијци, Трибали и - Грци!

Александар Велики Македонски јасно ги издвоил Македонците од Грците и во своето писмо што го испратил до персискиот цар Дарие како одговор на неговата мировна понуда. Аријан пренесува делови од ова писмо: Еве што, меѓу другото, му напишал Александар на Дарие:

Мојот татко (Филип Втори) беше убиен од заго­ворници испратени од тебе како што самиот се фалиш во твоите писма. А по ликви­дирањето на Арсе и на Баго и по нелегалното превзе­мање на тронот наспроти законите на Пер­сијанците и по твоето неправедно владеење, ти им испрати на Грците непријателски писма против мене, убедувајќи ги да ми објават војна. Ти исто така испрати пари на Спартанците и на некои други Грци, но ниту една држава нив не ги доби, освен Спартанците.“ (Arrian, Anabasis, Chap. XIV).

Очигледно дека Александар и овде ги третира Грците како туѓ народ. Познато е дека Спартанците биле единст­вените Грци кои колку толку успешно се спротивставувале на маке­донската хегемонија. Овде гледаме дека самиот Алексан­дар  тврди дека тоа било затоа што биле потпла­тени со персиски пари. Секако дека ваквото тврдење тој го изнел врз основа на веродостојни информации од свои луѓе во нивните редови.

И во Биографијата за Александар напишана од латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф, пренесени се изјави од Александар Велики Македонски во кои тој го спомнува посебниот македонски јазик наре­кувајќи го „мај­чин јазик“.

Заради сето ова, навистина е нејасно како може денешната грчка историографија и пропаганда и прогрчки настроените автори од други земји да го третираат Александар како „Грк“ кога самиот тој јасно ги издвоил Македонците од Грците.

Седмата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=RyWqNcsHNPg

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.