Среда, 05 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАБРАНИ ПРАШАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМ!

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАБРАНИ ПРАШАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМ!

5 април 2017 година, Скопје, Македонија

- Денес Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на одредбите од Законот за референдум донесен 2005 година, со коишто Собранието има дефинирано прашања по кои забранува организација на референдум!

СМК бара Уставниот суд да ги поништи членот 8 став (1) зборовите “или за консултирање на граѓаните“ и став (3), членот 27 и членот 28 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 81/2005), а до донесувањето на конечната одлука, на Уставниот суд му предлага да донесе Решение за времена мерка, поради ризик од отфрлање на граѓанска иницијатива пред Собранието на Република Македонија за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво.

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.  од Уставот на Република Македонија.

Референдумот во Уставот е утврден во членот 68, како надлежност на Собранието да распишува референдум и во членот 73. Во членот 73 од Уставот “Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.“

Законодавецот во членот 8 од Законот за референдум утврдил дека референдумот може да биде одлучувачки и консултативен, според којшто одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна, а одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна, иако Уставот не познава одлучувачки и консултативен референдумот. Консултативниот референдум, за жал, е утврден и во членот 27 од Законот за референдум.

Но, за жал, во членот 28 од Законот за референдум Законодавецот утврдил прашања за кои не може да се распише референдум и во нив ги спомнал: прашањата што се однесуваат на Буџетот на Република Македонија и завршната сметка на Буџетот, за јавните давачки, за резервите на Република Македонија, за прашања на изборите, за именувањата и разрешувањата и за амнестијата; за прашања што се однесуваат на одбраната, воена и вонредна состојба и за уредбите со законска сила донесени за време на воена или вонредна состојба; како и за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, а граѓаните власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Значи, власта не се остварува само со демократски избрани претставници, туку и по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Референдумот претставува истоважен облик на остварување на власта, покрај демократски избраните претставници и другите облици на непосредно изјаснување. Мандатот на демократски избраните претставници произлегува од граѓаните. Оттука, Собранието не може со закон да го ограничува референдумот, а ексклузивно надлежен за сите прашања да се прогласи самиот тој.

Во Уставот не е утврдено ограничување на прашања за кои може да се распише, а за кои не може да се распише референдум. Затоа, неуставно е со Законот за референдум да се определува за кои прашања не може да се распише референдум.

- Се надевам дека Уставниот суд ќе ја прифати иницијативата за оценка на одредбите од Законот за референдум со кои се воведува институтот “консултативен референдум“, затоа што по уставна дефиниција референдумот е успешен или неуспешен, но успешниот секогаш е задолжителен! Референдумот е истоважен со Собранието како претставнички орган на демократски избрани претставници, затоа што суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, а граѓаните власта ја остваруваат не само преку демократски избрани претставници, туку и по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Собранието не може со закон да ограничи право на референдум по некои прашања и се надевам дека таа неправда ќе биде исправена. На референдум сите прашања заслужуваат одговор “за“ или “против“ - изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.