Понеделник, 10 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Македонска заедница во Холандија - поддршка на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија

DSCN2058Македонска заедница во Холандија - поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија

Пред Палатата на правдата во Хаг, Македонската заедница во Холандија (МЗХ) организираше мирен протест во поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„ и задржување на унитарниот карактер на Македонија со службен македонски јазик и осуда на мешањето во внатрешните работи на Македонија од страна на соседните земји, односно отфрлање на т.н. Тиранска платформа.

Македонската заедница во Холандија симболично, како локација за протестот ја одбра Палатата на правдата за да ја потсети меѓународната заедница на Хашката пресуда донесена на 5. декември 2011 година од Меѓународниот суд на правдата за почитување на фундаменталното право на избор и користење на името Македонија.

Од име на Македонската заедница во Холандија пред присутните беше прочитана декларација со поддршка до граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„ на македонски, холандски и англиски јазик.

ДЕКЛАРАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ХОЛАНДИЈА

Ние, Македонците од Кралството Холандија обединети во Македонската заедница од Холандија (МЗХ) испраќаме безрезервна поддршка до највисоката институција претседателот Ѓорге Иванов за унитарност на државата Македонија, и воедно се придружуваме на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„ која во моментот има масовна поддршка од мнозинството граѓани во републиката.

Унитарноста на Македонија е единствена правилна форма (како и во сите останати држави) која ги гарантира правата на сите малцинства кои живеат во Македонија и употребата на малцинските јазици според сите меѓународни стандарди се уредени/исцрпени со Охридскиот рамковен договор од 13. август 2001 година, правејќи го притоа албанскиот јазик дури и беспотребно привилегиран.

Македонците од Холандија со индигнација ја отфрлаат Тиранската (албанска) платформа која предизвика дополнителни тензии на политичката сцена во Македонија и ја повикуваат Европската унија и амбасадорите на земјите членки на Унијата да ја осудат оваа платформа како провокација и грубо мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија.

Европската унија да не ја занемарува пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5. декември 2011 година и да не вршат континуирани притисоци врз Македонија за промена на уставното и историско име Македонија кое сама го избрала.

Европската унија и претставниците на истата во Македонија да поддржат процес за спроведување на попис во Македонија со цел да се утврди точниот број/процентот на граѓаните/малцинствата и добивање на појасна слика за правата и обврските на земјата спрема малцинствата, враќање на вербата и почитувањето на човековите права, инвестирање и интеграција во унитарното општество и помирување, како клуч за стабилност во регионот на југо-источна Европа и нејзино што поскоро интегрирање во Европската унија.

Содржината на Тиранската платформа го поткопува унитарниот карактер на државата Македонија, има единствено неаргументирана провокативна цел и остава простор за анархија во меѓународните односи. Според дел од неа, тврдењата за геноцид врз Албанците на Балканот претставува бесмисленост кој го турка регионот во дополнителни меѓуетнички тензии и конфликти.

Македонската заедница во Холандија ја повикува Македонската академија за наука и уметност (МАНУ) како и Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да се придружат и излезат во поддршка на иницијативата „За заедничка и унитарна Македонија„.

Гоце Дуртаноски

DSCN2019

DSCN2088

DSCN2093

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.