|
||||
ЧЕСТИТКИ ЗА ЕВРЕЈСКИОТ ПРАЗНИК ПЕСАХ |
- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) им го честита на Евреите во Македонија и во целиот свет, големиот празник Песах, празникот на поклонението и славата на слободата на Еврејскиот народ, како милениумска традиција за верата во Бога, семејството и заемното почитување. СМК потсетува дека токму милениумското пријателство меѓу двата народа Македонскиот и Еврејскиот и двете држави Македонија и Израел, е сведоштво за заемното македонско-еврејско почитување, како што Декларацијата за пријателство меѓу Македонија и Израел од 2015 година означи продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес меѓу двата народа и двете држави. Македонија овозможува негување и заштита на еврејската култура и традиции, посебно со изградбата на Музејот на Холокаустот како спомен на депортацијата на 7.200 Евреи од бугарските фашисти во германскиот логор на смртта во Треблинка во март 1943 од каде не се врати ниту еден. Македонците очекуваат Израел да помогне во изградбата на Македонски манастир во Ерусалим на Голгота каде бил распнат Господ Исус Христ. СМК на Евреите во Македонија им посакува празнични денови исполнети со молитви за здравје, среќа, мир и љубов.
|