|
||||
МАМО ЈАС НЕ САКАМ ДА УМРАМ, ТАТО ЈАС ВЕЧНО ОВДЕ ЌЕ ЖИВЕАМ... |
Денес е ден за помен и спомен на грозоморно убиените кај Смилковското езерце, местото на грозоморното убиство... Пред пет години, на 12 април 2012 година, на ден Велики Четврток, се изврши грозоморно петкратно убиство на Филип Славковски (20), Александар Накевски (18), Цветанчо Ацевски (19) и Кире Тричковски (21) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево. Општина Гази Баба и добронамерници, на местото на грозоморното убиство изградија црква “Светите Четириесет Маченици - Младенци“ и поставија два обелиска кои вечно ќе го означуваат местото и (с)поменот за убиените... На местото на злосторството се родителите на убиените деца... Скршени од болка по чедата, со револт од немоќта за пресуда на злосторниците... Ги знаеме, ама штета што тие што треба да кажат занемеа... секогаш гласно коментираат татковците... Низ солзи мајките велат, ги закопавме со отворени очи од кои до в гроб солзи им течеа... Не се забораваат и родителите на Борче Стевковски, за жал, заради годините, од здравствени причини дома приклештени, но, со тагата и болката по чедото кое го нема... Смилковското езерце денес е покриено со молк и тага... Под сонцето е само тишината до Христово Воскресение и јадот за децата што веќе ги нема... Над водите на Смилковското езерце вечно ќе одекнува: Мамо јас не сакам да умрам, тато јас вечно овде ќе живеам... Истрагата се уште е во тек, ама секое политичко убиство нема правна разврска... За жал... Остана црквата “Светите Четириесет Маченици - Младенци“ како (с)помен за едно болно минато... Било, да не се повтори... Вечна им слава и памјат... Пишува Тодор ПЕТРОВ |