|
||||
ФАШИСТОТ КАРЛ БИЛТ СО ПРОВОКАЦИЈА ЗА ВЕЛИГДЕН ВО МАКЕДОНИЈА |
ФАШИСТОТ КАРЛ БИЛТ СО ПРОВОКАЦИЈА ЗА ВЕЛИГДЕН ВО МАКЕДОНИЈА Пишува Тодор ПЕТРОВ Фашистот Карл Билт, поранешен премиер и министер за надворешни работи на Шведска, денес, со провокација во очи на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден, треба да е во Македонија, на средби со лидерите на партиите. Се претпоставува за целта на неговата посета на Македонија. Добро е што претседателот на Републиката не го прима. Карл Билт не е достоен за таква привилегија. На својот твитер Карл Билт напишал “На турнеја за кризата во Скопје утре. И потоа во Белград. Секогаш Балканот.“ Па, додал, “Не и’ се гледа крајот на кризата во Скопје, се чини дека разликите во ставовите се се’ подлабоки а ситуацијата е тешка.“ Шведскиот политичар неколкупати порано изразуваше поддршка на СДСМ. Дали неговата посета на Македонија ќе донесе нова дестабилизција, останува да видиме. Во секој случај, не е добредојден, ниту достоен за посета на Македонија! Случувањата во Украина го натераа Карл Билт, уште во 2015 година да каже дека православието е главна закана на Западот, бидејќи околу него се собира Русија. - Во денешна Русија ситуацијата е многу лоша. Путин демонстрира приврзаност не на вредностите, туку на православието. Неговата поддршка за Асад во Сирија може да се објасни со тоа што Асад ги штитеше православните во Сирија. Покрај тоа, православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и поради тоа претставува најголема опасност за западната цивилизација, - рече Билт. И додека Шведска се дави со исламизација, терор и насилства од доселениците, наместо да си ги решава домашните проблеми, Карл Билт со тешки хонорари, шета, за да отвори нови фронтови на Балканот, што никогаш порано не ги ни решил, туку продлабочувал... |