|
||||
Каков соживот барате кога ги игнорирате Македонците во Гостивар, Тетово, Кичево? |
Димовски: Каков соживот барате кога ги игнорирате Македонците во Гостивар, Тетово, Кичево?Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница нагласи дека Република Македонија е единствената земја во Европа во која се признати правата на малцинствата за разлика од другите земји во опкружувањето. За Димовски неразбирливо е како тоа Македонија е нон стоп на таргет дека не ги почитува правата на малцинствата, додека Македонците кои што се малцинство во другите земји не можат ниту да го изучуваат својот мајчин јазик, а некаде не ни можат да кажат дека се Македонци. Димовски додеде дека во изминатите денови на отворање на мост во Општина Гостивар каде што Македонците се 35%, официјалната прослава се водела само на албански јазик. Тој запраша за каков соживот и за какво почитување на права се залагаат Албанците кога тие ги игнорираат Македонците во средините каде што се мнозинство. |